Тетовката Катарина најфотогенична на изборот „Кралица на Евроазија 2021“ во Анталија

Во Турција неодамна се одржа изборот за „Кралица на Евроазија 2021“ (Queen of Eurasia 2021), на кој нашата претставничка Катарина Јовановска ја освои тутулата за најфотогенична (Best FOTOMODEL). Изборот се одржа во хотелот „Спајс“ во Белек, Анталија, каде што 10 дена претстојуваа 30 финалистки на Кралица на Евроазија 2021.
Таа е од Тетово, има 24 години и членка е на „Модното студио Црнокрак“, кое ја има лиценцата за Македонија за овој престижен интернационален натпревар за убавина кој традиционално секоја година се одржува во месец ноември во Анталија.
Победничка на изборот, Кралица на Евроазија за 2021 е претставничката на Белорусија.
На финалето нашата Катарина носеше модели кои специјално за оваа прилика за неа ги изработија студијата “Краљевски” и “Луме”.