„Тесла“ продаде повеќе од еден милион електични автомобили


Американската компанија за производство на електрични возила „Тесла“соопшти дека продала повеќе од еден милион автомобили.

Од производната лента на компанијата на Елон Маск на 10 март излезе автомобилот со реден број 1.000.000, што беше возило од моделот „тесла модел Y“, а кумулативната продажба најверојатно надминала 1 милион возила во средината на април.

Тоа значи дека „Тесла“ стана прва компанија во историјата на автомобилската индустрија која успеала да продаде милион електрични возила ширум светот. Колку за споредба, „Нисан“ има продадено над 500.000, а кинеската „BYD Auto’ е на бројка над 370.000 продадени електрични автомобили.


Се проценува дека „Тесла“ ќе ја надмине бројката од два милиони продадени автомобили во период од 18 до 24 месеци и дека годишниот производен капацитет ќе изнесува 800.000 автомобили.