Тениските ѕвезди зборуваат арапски, Ѓоковиќ е хит: Иншалах, алхамдулилах…

Најдобрите светски тенисери моментално се во Катар, каде ќе се натпреваруваат на АТП 500 турнирот во Доха, а по тој повод добија можност да се претстават и да откријат што можат да кажат на арапски.
Најголема ѕвезда на турнирот во Доха ќе биде Новак Ѓоковиќ, кој успешно се опорави од повредата. Српскиот тенисер се здоби со повреда на Австралија опен, но успеа да се врати по само еден месец.
Ѓоковиќ по пристигнувањето во Доха успеа да приреди шоу заедно со колегите од тениската елита. Организаторите им дадоа можност на тенисерите да се претстават со зборовите што ги знаат на арапски.
Покрај Ѓоковиќ, во арапска облека беа облечени и Карлос Алкараз, Григор Димитров и Стефанос Циципас, а четворицата зборуваа арапски.
View this post on Instagram
Секако, Ѓоковиќ беше најголемиот хит и најмногу зборови успеа да каже на арапски.
„Мерхаба, иншалах, алхамдулила“, беа зборовите на Ѓоковиќ кои предизвикаа воодушевување кај арапските навивачи во коментарите.
Инаку, Ѓоковиќ е познат по тоа што се претставува на локалниот јазик каде и да се појави на турнирот. Така „купуваше“ навивачи од Кина во Италија.
Ѓоковиќ зборува англиски, шпански, германски, италијански, француски и руски, додека повремено покажува познавање на кинески.