Тениските ѕвезди играа и собраа 320 илјади долари за помош на Украина


Њујорк– Организаторите на тенискиот Грен слем турнир, Отвореното првенство на САД, одржаа хуманитарен натпревар за поддршка на Украина, се вели во пораката на веб-страницата на турнирот, објавена на 23 август.

Натпреварот успеа да собере 320.000 долари за Фондот за помош на Украина. Меѓу учесниците беа Украинката Елина Свитолина и нејзиниот сопруг Гаел Монфис, како и познати сегашни и минати тенисери: Карлос Алкараз, Френсис Тиафо, Џенифер Брејди, Џесика Пегула, Кристофер Еубанкс, Матео Беретини, Џон Мекинро и Габриела Сабатини.

Отвореното првенство на САД 2023 година започнува на 28 август и ќе трае до 10 септември.