Телохранителот напиша книга за Карл Лагерфелд
Француската модна новинарка Вирџини Муза, позната по своите колумни во Vanity Fair France и како главен моден критичар на Le Figaro, му помогна на Жондо во пишувањето на книгата со 220 страници и ја нарече „приказна за борба, љубов, восхит и издржливост“
Франција– Меѓу првите објавени книги за легендарниот дизајнер Карл Лагерфелд е од Себастијан Жондо, во издание на Фламарион, кој му беше како син на славниот дизајнер.
Долгогодишниот телохранител и личен асистент на Лагерфелд, го објави датумот на објавувањето на книгата “Ça va, cher Karl?” (How are you, dear Karl?) на своите 44.300 следбеници на Инстаграм на 27 јануари за 19,90 евра.

Француската модна новинарка Вирџини Муза, позната по своите колумни во Vanity Fair France и како главен моден критичар на Le Figaro, му помогна на Жондо во пишувањето на книгата со 220 страници и ја нарече „приказна за борба, љубов, восхит и издржливост“.
Жондо ја имаше својата прва средба со славниот дизајнер како 15-годишник од лошо маало во Париз, ангажиран за да премести мебел од 18 век.
Подоцна настапуваше на ревиите на Шанел и позираше за кампањи за облека за мажи на Карл Лагерфелд. Страствен кик-боксер, кој професионално се борел и тренира интензивно секој ден, приврзаниот Жондо останува амбасадор на брендот Лагерфелд и соработник на „Фенди“, каде што Лагерфелд дизајнирал облека повеќе од половина век.
Неговата книга се развива како низа нехронолошки сеќавања во период од скоро три децении. Жондо има голема меморија за детали и споделува неколку болни моменти кога ќе ги открие здравствените проблеми на Лагерфелд, кои започнаа во јуни 2015 година, познати за многу малкумина.
Неколку книги се во подготовка за Лагерфелд, кој почина во февруари 2019 година по славната модна кариера што го претвори во глобална икона.