Телефони за контакт од МНР за пациентите кои се лекуваат во други земји


Фото: Б. Грданоски
Владата и Министерството за надворешни работи и трговија се во постојана комуникација со семејствата на повредените кои во моментот се лекуваат во други земји, но и оние кои тековно се испраќаат.
 
Во прилог ги испратијa броевите
 
      Министерство за надворешни работи и надворешна трговија:
 
      075/273-732
 
      075/268-736
 
      Турција-Анкара
 
      +90 5316579200
 
      +90 5335725684
 
      Турција-Истанбул
 
      +90 542 810 99 78
 
      +90 552 561 80 09
 
      Грција-Атина
 
      +30 6944190134
 
      +30 6947736602
 
      Грција-Солун
 
      +30 694 525 8536
 
      Бугарија
 
      +359 876123768
 
      +359 876112993
 
      +359 889210005
 
      Србија
 
      +381 601382942
 
      +381 601427455
 
      Унгарија
 
      +363 03037377
 
      Литванија-Полска
 
      +48 608141191
 
      Австрија
 
      +436644680520
 
      +436767069209
 
      Словенија
 
      +386 41 353 198
 
      +386 40 800 747
 
      Хрватска
 
      +385 99 524 4741
 
      +385 91 608 2944
 
      Норвешка
 
      +47 406 31 613
 
      +47 922 34 630
 
      Италија
 
      +39 3384079247
 
      +39 3518504187
 
      Полска
 
      +48 608 141191
 
      Шведска
 
      +46 701844605
 
      +46 768792019
 
Бројот на жртви во пожарот во Кочани е 59, за жал млади луѓе кои на трагичен начин ги изгубија своите животи. Но, одредени медиуми повикувајќи се на разноразни непроверени извори шпекулираат со бројот на починати и дополнително придонесуваат за вознемирување на јавноста.
 
Во овие моменти на тага, Ве замолуваме сите да се однесуваме одговорно, ова е трагедија за цела држава и да сочувствуваме со болката на најблиските.
 
Сѐ што има во интерес на истрагата, Владата, Министерството за внатрешни работи и сите други органи транспарентно и навремено преку прес-конференции и преку соопштенија известуваат за најновите информации. Никој нема да биде поштеден од одговорност, без разлика колкава и да биде вината на кој било инволвиран во овој случај, соодветно ќе одговара.
 
Повторуваме дека ништо нема да биде скриено и стоиме на располагање за дополнителни прашања од интерес на јавноста.
 
Исто така, Владата донесе одлука за целосно покривање на трошоците за сместување и превоз на семејствата на повредените лица кои се лекуваат во странство. За побрза и поефикасна комуникација во таа насока е отворена и телефонска линија, а бројот е 070270370.
 
Замолија, во овие тешки и тажни моменти за сите македонски граѓани, и во знак на почит на загинатите жртви, повредените и нивните семејства ги замолуваме медиумите да се воздржат од објавување на шпекулации и дезинформации, се со цел да не создаваме дополнителна болка и стрес на јавноста.