Технологија што ја дефинира новата ера на лидерството – 0Galaxy Z Fold7 и Watch8 Classic
Во динамичниот бизнис свет, каде времето и прецизноста се пресудни, Galaxy Z Fold7 и Galaxy Watch8 Classic се повеќе од уреди – тие се симбол на иновација, моќ и беспрекорен стил. Создадени за оние кои не прават компромиси меѓу функционалност и елеганција, овие уреди претставуваат совршен спој на технологија и визија.
Galaxy Z Fold7 – дизајниран за визионери
Со ултра тенок Armor Aluminum дизајн и новата FlexHinge шарка, Galaxy Z Fold7 ја дефинира естетиката на деловната елеганција. Кога е затворен, нуди префинета компактност што лесно се вклопува во секоја деловна ситуација; кога ќе го отворите, неговиот 7.6-инчен Dynamic AMOLED 2X екран се претвора во мини таблет кој овозможува врвна продуктивност.
Работењето со документи, е-пошта, графици и видеоконференции станува природно и ефикасно. Мултитаскингот е на ново ниво – можете да имате три апликации отворени истовремено, да ги влечете документите меѓу нив и да уредувате презентации во реално време.

Моќта на Galaxy AI – интелигенција што работи за вас
Новата Galaxy AI интеграција го прави Galaxy Z Fold7 ваш личен асистент.
Со Google AI Pro можете да си разговарате со четбот кој ќе даде одговор на вашите прашања. Новата функција Now Brief секое утро ќе ви испраќа резиме на денот што ве очекува, додека останатите AI функции за олеснета комуникација како Live Translate автоматски ќе преведува деловни повици или пораки во реално време – совршено за меѓународна комуникација. Со Note Assist, белешките се автоматски сумираат и организираат, а Chat Assist нуди професионални предлози за одговори, тон и јазик, во зависност од ситуацијата.
За патувања и состаноци, Circle to Search со Google ви овозможува со едноставен допир да добиете информации за било што на екранот, без да прекинете со работата.
Сè е насочено кон еден резултат – помалку време, повеќе продуктивност, поголем импакт.

Galaxy Watch8 Classic – елеганција со цел
Со својата препознатлива ротирачка коронка, класичен дизајн од нерѓосувачки челик и интуитивен интерфејс, паметниот часовник Galaxy Watch8 Classic е уред што одговара на секој професионалец. Под елегантната површина се крие AI тренер кој го следи вашиот пулс, стрес, квалитет на спиење и физичка активност. Ви помага да го одржите здравиот баланс помеѓу динамичниот бизнис ритам и личната благосостојба. Со Samsung Pay, паметни известувања, и целосна синхронизација со Fold7, вашиот ден станува организиран, а вашиот изглед – впечатлив.

Поврзаност без граници
Кога Z Fold7 и Watch8 Classic се поврзани, добивате цел екосистем на ефикасност. Преку апликацијата SmartThings, со само еден допир можете да управувате со вашиот работен простор или дом – да го подготвите состанокот со активирање на проекторот, да ја прилагодите климата или да го проверите безбедносниот систем.
Секој уред зборува со другиот, создавајќи хармоничен, интелигентен Galaxy универзум што ве следи во чекор.
Безбедност и сигурност
Бизнис податоците заслужуваат највисока заштита. Безбедносната латформа Samsung Knox обезбедува висок степен на сигурност на сите нивоа – од биометриски автентикации, до доверливи документи и финансиски информации.
Новата платформа One UI 8 носи 7 години софтверски надградби, интуитивна навигација и постојана оптимизација – совршено решение за професионалци кои очекуваат долгорочна стабилност и беспрекорна интеграција.
Искусете го пред да го поседувате со Try Galaxy
Апликацијата Try Galaxy ви овозможува да го доживеете Galaxy AI искуството на телефонот кој моментално го користите – симнете ја апликацијата и проверете како изгледа мултитаскинг на Fold7.
Galaxy Z Fold7 и Watch8 Classic се создадени за оние што не го следат времето, туку го управуваат.