Татко и син ја нападнале снаата
Семеен инцидент ексалирал во физичко насилство. Случајот во полиција бил пријавен среде ноќ.
– На 29.04.2026 во 02:40 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Д.(28) и М.Д.(59), двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 28.04.2026 околу 22:00 часот во домот физички ги нападнале нивната снаа и нивниот 32-годишен брат и син, информираа од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот и по целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.