Двајца Бугари повредени во сообраќајка кај Крива Паланка


Двајца бугарски државјани Ф.Ф.В. (47) и В.К.А. (26), кои биле сопатници во возило, се тешко повредени во сообраќајка што се случила на магистралниот пат Крива Паланка-граничен премин „Деве Баир“. Како што информира денеска МВР, сообраќајката се случила вчера во 1:15 часот. Во несреќата Е.Е.К. (27) од Република Бугарија, управувајќи патничко возило „Ауди 4“ со бугарски …

Двајца Бугари повредени во сообраќајка кај Крива Паланка Read More »

Македонци повредени во Банско


Четворица Македонци се повредени и сместени во болница во Разлог по сообраќајна несреќа што се случи ноќеска на патот Добриниште-Банско, јави бугарската новинска агенција БГНЕС. Се работи за тројца 48 годишни мажи и еден на возраст од 41-на година, кои во моментов се наоѓаат надвор од животна опасност. Извештајот за сообраќајната несреќа беше доставен во …

Македонци повредени во Банско Read More »

Кај Облешево загина 59-годишен велосипедист


Велосипедист загина откако во него удрил автобус. Сообраќајката се случила денеска околу 16:20 часот на магистралниот пат А3 Штип-Кочани, во близина на селото Облешево. Како што информира МВР, автобус управуван од М. М. (1957) од Кочани удрил во велосипедист управуван од С. Т. (1959) од село Мојанци, Кочани. С.Т. бил примен во Општата болница Кочани, каде му биле …

Кај Облешево загина 59-годишен велосипедист Read More »

Тешка сообраќајка во Скопје: Еден маж загина, друг е тешко повреден


Триесет и шестгодишен скопјанец загина во сообраќајка што се случила синоќа околу 23:30 часот на булеварот„Александар Македонски“ во Скопје. Како што информира денеска МВР, Г.С. (36) од скопското село Марино управувајќи автомобил „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, по што удрил во метални столпчиња, потоа во дрво и во метална кенделабра. Во …

Тешка сообраќајка во Скопје: Еден маж загина, друг е тешко повреден Read More »

Детали за тешката сообраќајка вчера во која загина тримесечно бебе


Околу 17:20 часот на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод, помеѓу селата Србјани и Староец, се случи сообраќајна незгода во која учествувале возило „Фолксваген Голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(48) од Кичево, возило „Алфа Ромео“ со словенечки национални ознаки управувано од М.С. (52) од село Пласница и товарно моторно возило „Даф“ со кичевски регистерски таблички, …

Детали за тешката сообраќајка вчера во која загина тримесечно бебе Read More »

Тримесечно бебе загина во собраќајка кај Кичево, петмина се повредени


Тримесечно бебе го загуби својот живот, а пет лица се повредени во сообраќајната несреќа која попладнево се случи на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод, потврди полицијата за Независен весник. Несреќата се случила во 17:20 часот меѓу две патнички возила и едно товарни возило. Повредените лица се префрлени во медицинскиот центар во Кичево. Сообраќајот на …

Тримесечно бебе загина во собраќајка кај Кичево, петмина се повредени Read More »

Излетал автомобил кај Росоман, возачот е тешко повреден


Возач бил тешко повреден откако автомобилот со кој управувал, излетал од патот синоќа на патот Кавадарци-Росоман. Од Брза помош која е во склоп на Здравствен дом Кавадарци денеска информираа дека поради сериозноста на повредите, возачот во придружба на анестезиолог и медицинска сестра, бил префрлен на скопските клиники.

Загина 19-годишно момче на патот Илинден – Миладиновци


Деветнаесетгодишник од скопско Миладиновци утрово загина во сообраќајна несреќа на локалниот пат од населбата Илинден кон Миладиновци, соопшти МВР. Несреќата била пријавена во 06.45 часот. Патничко моторно возило „голф“ со скопски регистерски ознаки управувано од А.З.(19) излетало од коловозот и се превртело. Од добиените повреди возачот починал на местото на несреќата. Лекар од Итна медицинска …

Загина 19-годишно момче на патот Илинден – Миладиновци Read More »

Маж загина во несреќа во делчевско


Во несреќа со запрежна кола натоварена со дрва животот го изгуби 75-годишниот Симеон Маринков од делчевското село Град. Како што информираат од СВР Штип, случајот во ПС во Делчево бил пријавен во 20.15, а телото на починатиот било пронајдено под запрежната кола натоварена со дрва од страна на жители од селото во месноста Момин Дол …

Маж загина во несреќа во делчевско Read More »

Еден загинат и двајца тешко повредени во сообраќајки во Скопје


Едно лице загинало во една од вкупно девет сообраќајки регистрирани во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје. Во две сообраќајки биле потешко повредени две лица, а три лица биле полесно повредени во една сообраќајка. Во пет била причинета материјална штета. Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала неколку …

Еден загинат и двајца тешко повредени во сообраќајки во Скопје Read More »

Сообраќајна несреќа во Скопје: Едно момче загина, друго се бори за живот


Дваесет и тригодишен скопјанец загина, а негов врсник од Охрид е во животнозагрозувачка состојба по сообраќајката што се случила ноќеска во 3.13 часот во близина на основното училиште „Кочо Рацин“ во Скопје. Како што е наведено во полицискиот Билтен, во сообраќајката на бул.„Мајка Тереза“ скопјанецот Д.С.(23) управувајќи возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки удрил во …

Сообраќајна несреќа во Скопје: Едно момче загина, друго се бори за живот Read More »

Ракометар на Вардар излета од патот со својот автомобил


Ден откако беше прогласен за најдобар спортист на Црна Гора, Вуко Борозан доживеа пех – имаше сообраќајна несреќа и доведено е во прашање неговиот настап на престојното Европско првенство во Хрватска. Како што пренесуваат медиумите во Подгорица, до несреќата дошло кога 23-годишниот ракометар на Вардар во близина на родното Цетиње изгубил контрола врз својот автомобил …

Ракометар на Вардар излета од патот со својот автомобил Read More »

Изгубил контрола и се забил во ѕид: Едно лице загина во сообраќајка во Скопје


Ноќеска 45 минути по полноќ на булевар „Третта Македонска бригада“ во Скопје, пред раскрсницата со улица „Фрањо Клуз“, се случила сообраќајна незгода во која З.В. (51) од Скопје, управувајќи патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над истото и удрил во бетонски ѕид од објект. Од страна на лекар од Итна медицинска …

Изгубил контрола и се забил во ѕид: Едно лице загина во сообраќајка во Скопје Read More »

Гостиварец загина во сообраќајка


Дваесет и тригодишен гостиварец загина во сообраќајна несреќа што се случи во петокот околу 18.42 часот на улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје. Според полицијата, патничко моторно возило „ланд крузер“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Н.Ј.А.М. (58) од село Орман удрило во пешаците А.Н. (23) од Гостивар и З.А. (68) од село Дебреше, гостиварско. Тие …

Гостиварец загина во сообраќајка Read More »

Прегазен велосипедист во Гостивар


Седумдесет и тригодишен жител на гостиварското село Чајле го загуби животот во сообраќајка што во саботата околу 13.45 часот се случи на булеварот „Гоце Делчев“ во Гостивар. Од МВР информираат дека Б.Ќ. (66) од Гостивар, управувајќи патничко возило „фиат темпра“ со гостиварски регистарски ознаки, удрил во велосипедистот А.Р. (73) од Чајле. По незгодата, велосипедистот со …

Прегазен велосипедист во Гостивар Read More »

Еден загинат и петмина повредени во несреќа кај Кратово


Едно лице почина од повредите што ги добило во тешката сообраќајка што се случи утрово на патот меѓу Кратово и Пробиштип, при судир на „рено меган“ со скопски таблички и „фолксваген“ со штипски ознаки. Петмина патници од двете возила биле префрлени во Клиничката болница во Штип, од кои едниот починал. Шестиот повреден бил пренесен во …

Еден загинат и петмина повредени во несреќа кај Кратово Read More »

Во сообраќајка загина 80-годишна жена


Осумгодишна струмичанка загина во сообраќајка што се случи во средата околу 13.20 часот на улицата „Борис Поп Димитров“ во Струмица. Од полицијата информираат дека до несреќата дошло откако Ј.Г. (45) од Струмица, управувајќи патничко моторно возило „ланд ровер“ со бугарски регистарски ознаки, удрил во пешакот С.Т. (80), која починала на местото на настанот. Се превеземаат …

Во сообраќајка загина 80-годишна жена Read More »

Тинејџер од Радовиш загина во сообраќајка


Деветнаесетгодишно момче од Радовиш утрово загина во сообраќајка која се случила на магистралниот пат Радовиш-Струмица кај клучката Воиславци. Како што дознава МИА, сообраќајката се случила помеѓу патничко возило „голф“, управувано од Кристијан Р. (19) и товарно возило „мерцедес“, управувано од Тодорче Ј. (роден 1959 година). Во незгодата, на самото место починал возачот на „голфот“, додека …

Тинејџер од Радовиш загина во сообраќајка Read More »