Загина 19-годишно момче на патот Илинден – Миладиновци


Деветнаесетгодишник од скопско Миладиновци утрово загина во сообраќајна несреќа на локалниот пат од населбата Илинден кон Миладиновци, соопшти МВР.

Несреќата била пријавена во 06.45 часот. Патничко моторно возило „голф“ со скопски регистерски ознаки управувано од А.З.(19) излетало од коловозот и се превртело. Од добиените повреди возачот починал на местото на несреќата.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Известен е јавен обвинител и во моментов се врши увид од увидна екипа. Се работи на целосно расчистување на случајот.