Србија од утре со контрамерки кон Македонија поради брашното


Србија од утре ќе воведе контрамерки кон Македонија поради отежнатниот увоз на брашно, најави денеска српскиот министер за трговија Расим Љајиќ. – Не можеме веќе да чекаме. Освен купување време, од нивна страна не видовме никаква подготвеност за решавање на проблемот, вели Љајиќ во изјава за „Данас“. Посочува дека бил подготвен во петокот и вчера …

Србија од утре со контрамерки кон Македонија поради брашното Read More »

Ѕанакопулос: Потребна е промена на Уставот за да важи условот ерга омнес


Сигурно е дека уставното име треба да се промени за да може да важи условот ерга омнес, рече портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос во синоќешното гостување во дебатна емисија на грчката државна телевизија ЕРТ. – За сложено име ерга омнес, за севкупна употреба, во секој случај предуслов е уставна ревизија, барем во однос на …

Ѕанакопулос: Потребна е промена на Уставот за да важи условот ерга омнес Read More »

Поделени ставови во албанскиот блок: Ја губи ли Заев довербата и кај Албанците?


Деновиве „правната држава на Заев“ потклекна пред локален и градски криминалец. Ова беше класичен пример дека во Македонија не владее правото, туку има владеење над правото, смета политикологот Џенур Исени По последните парламентарни избори и формирањето на владата предводена од СДСМ, актуелниот потпретседател на оваа партија, Мухамед Зекири, изјави дека социјалдемократите добиле дури 70 илјади …

Поделени ставови во албанскиот блок: Ја губи ли Заев довербата и кај Албанците? Read More »

Добра вест за Македонците: ЕУ ќе работи на поевтин роаминг за Западен Балкан


Еврокомесарката за дигитална економија Марија Габриел во вторник на конференција на европските народни партии (ЕНП) ќе го презентира својот план за намалување на цените на роамингот во земјите на Западниот Балкан, јави дописникот на МИА од Брисел. – Комесарката Габриел ќе им го презентира на амбасадорите од Западниот Балкан и засегнатите актери во овој сектор, …

Добра вест за Македонците: ЕУ ќе работи на поевтин роаминг за Западен Балкан Read More »

СЈО истражува одлевање на наши пари во Чешка, Грција, Британија и Холандија


Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на денешниот настан за соработка за водење финансиски истраги со Амбасадата на Холандија рече дека истражуваат криминал во повеќе европски земји, јавува Макфакс. „Се надевам дека ќе откриеме каде се одлеани парите и дали се во Македонија“, рече Јанева и посочи дека истражуваат финансиски криминал во Чешка, Грција, Велика Британија …

СЈО истражува одлевање на наши пари во Чешка, Грција, Британија и Холандија Read More »

Грците се подготвуваат за нов протест


Протест пред грчкиот Парламент и 48-часовен генерален штрајк планираат да одржат организаторите на демонстрациите за „одбрана на името Македонија“ во Грција, во случај евентуалниот договор да биде доставен за пратениците да дадат зелено светло. Еден од организаторите, Отон Јаковидис, како што јави дописникот на МИА од Атина, за грчката телевизија Скај ги откри плановите во …

Грците се подготвуваат за нов протест Read More »

Протестот во Скопје проследен и во грчките медиуми


„Ние сме Македонија: нов протест во Скопје“, „Не за контакти со Атина, рекоа илјадници демонстранти во Скопје“, „ПЈРМ: Собир во Скопје против промена на името на земјата“, „Нов протест за името Македонија“, „Голем протест во Скопје против промена на името“, „Голем протест во Скопје со слоганот: Ние сме Македонци“, се само дел од насловите во …

Протестот во Скопје проследен и во грчките медиуми Read More »

Пејџ: И по Брегзит, Велика Британија ќе биде заинтересирана за Западен Балкан


Британскиот дипломат Ендрју Пејџ, координатор на Самитот ЕУ – Западен Балкан, што во јули ќе биде одржан во Лондон, изјави дека Велика Британија и по Брегзит ќе остане силно заинтересирана за стабилноста и економскиот напредок на Југоисточна Европа, потенцирајќи оти Лондон и понатаму сака да биде сигурен партнер на „европскиот проект“. Тој во разговор за …

Пејџ: И по Брегзит, Велика Британија ќе биде заинтересирана за Западен Балкан Read More »

САД се заинтересирани да успеат дипломатските активности меѓу Скопје и Атина


САД се заинтересирани да успеат дипломатските активности меѓу Скопје и Атина за решавање на прашањето за името. Ова е ставот на американскиот амбасадор во Грција Џефри Пајат искажан на Економскиот форум во Делфи, Грција, на кој поранешната шефица на грчката дипломатија Дора Бакојани беше многу поскептична. Таа рече дека се плаши оти ова е само …

САД се заинтересирани да успеат дипломатските активности меѓу Скопје и Атина Read More »

Грците му се лути на Јункер дека нè нарекол Македонија


„Оган врз црвените линии на Грција од Јункер: повторно говореше за Македонија“, „Јункер ПЈРМ ја нарече Македонија“, „Јункер: Македонците напредуваат, терминот ПЈРМ е бирократија“, „Нова грешка на Јункер, говореше за Македонија и Македонци“, „Провокација од Јункер“, се само дел од насловите во грчките медиуми, кои го пренесуваат текстот од грчката новинска агенција АНА-МПА за вчерашното …

Грците му се лути на Јункер дека нè нарекол Македонија Read More »

У19: Македонија со 5:0 ја победи Финска


Македонската фудбалска репрезентација до 19 години попладнево славеше убедлива победа против составот на Финска со 5:0 (1:0) во пријателски натпревар одигран во тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. На тој начин „црвено-жолтите“ со убедлива победа ги започна подготовките за елитната квалификациска фаза за ЕП. Филип Стојчевски го отвори резултатот во 15-тата минута, додека останатите четири …

У19: Македонија со 5:0 ја победи Финска Read More »

Бакојани: Пакет решение за името, а не решение на делови


Ставот на опозициската Нова демократија дека спорот со името не може да се решава во делови, туку само со едно пакет решение, уште еднаш го повтори поранешната министерка за надворешни работи на Грција, а сега пратеник Дора Бакојани. Во исто време, упати критики до грчката влада, за начинот на кој ги води преговорите. – Владата …

Бакојани: Пакет решение за името, а не решение на делови Read More »

„То Вима“: Мали очекувања за решавање на името


Да бидеме внимателни во очекувањата за прашањето за името со Скопје, рекле за „То Вима“ кругови од грчката дипломатија, поткрепувајќи го ова со ставот дека разликите меѓу двете страни, за одредени точки сѐ уште се големи. Како што јави дописникот на МИА од Атина, весникот, во текстот под наслов „Мали очекувања за решавање на името …

„То Вима“: Мали очекувања за решавање на името Read More »

Скопје и Атина се позиционираат за името


Уставот е домашна книга и нема последници надвор од земјата, поради тоа нема потреба да се смени, порача вчера премиерот Зоран Заев во интервју за Еуроњуз. Тој смета дека доволна е ревизијата на Уставот од 1993 година која се направи поради чувствата на, како што рече, нашите пријатели Грците и за да се чувствуваат поудобно …

Скопје и Атина се позиционираат за името Read More »

(ВИДЕО/ФОТО) Снежното време ги радува граѓаните, но им го отежнува и движењето


Снегот во текот на денешниот ден не престана да паѓа, а дел од граѓаните му се радуваат, други пак се жалат поради потешкотиите во движењето. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На сите сообраќајни правци во државата врне снег и има остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните служби. Поради појава …

(ВИДЕО/ФОТО) Снежното време ги радува граѓаните, но им го отежнува и движењето Read More »

Заев за Еуроњуз: Нема потреба да се промени Уставот (ВИДЕО)


Нема потреба да се смени Уставот. Уставот е домашна книга и нема последници надвор од земјата, вели македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за Еуроњуз, јави дописникот на МИА од Атина. – Направивме ревизија на нашиот Устав во 1993 година поради чувствата на нашите пријатели Грците. Сакаа да бидат повеќе покриени, да се чувствуваат поудобно …

Заев за Еуроњуз: Нема потреба да се промени Уставот (ВИДЕО) Read More »

„Катимерини“: Седум точки во предлог договорот


Името, спектарот на употреба, јазикот, идентитетот, трговските употреби, кратенките и акронимите се седумте точки што ги содржи грчкиот предлог на нацрт спогодбата, според весникот „Катимерини“. Како што јавува дописникот на МИА од Атина, овие впрочем се и точките што самиот Коѕијас ги спомена, во интервјуто за државната ТВ ЕРТ, минатиот месец, кога за прв пат …

„Катимерини“: Седум точки во предлог договорот Read More »

„Та неа“:  Атина преферира име на македонски, непреведено и слеано


Атина преферира новото име да биде на македонски јазик, непреведено и напишано слеано во еден збор, објавува весникот „Та неа“ во денешната анализа за нацрт спогодбата што Грција ќе и ја достави на Македонија. Документот изготвен на 20 страници, според весникот, Коѕијас на Ципрас му го доставил минатиот вторник пред патувањето на грчкиот премиер за …

„Та неа“:  Атина преферира име на македонски, непреведено и слеано Read More »

Македонските кошаркари убедливи против Словачка


Македонската кошаркарска репрезентација ја совлада Словачка со 87:74 вечерва во СЦ „Јане Сандански“ за трета победа во групата А од претквалификациите за Евробаскет 2021. Предводени од триото Ричард Хендрикс – Бојан Трајковски – Војдан Стојановски,  македонскати репрезентативци мечот го отворија со 25:21 во првиот период, а на полувреме водеа со 52:27. Предноста беше доволна за …

Македонските кошаркари убедливи против Словачка Read More »

Јункер во посета на Македонија


Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер својата балканска турнеја ја почнува денеска со посета на Македонија, во рамки на која до 1 март ќе ги посети сите шест земји од Западен Балкан. Јункер во земјава доаѓа во придружба на комесарот за проширување Јоханес Хан. Посетата е дел од нивната турнеја во регионот по повод …

Јункер во посета на Македонија Read More »