Македонските кошаркари убедливи против Словачка


Македонската кошаркарска репрезентација ја совлада Словачка со 87:74 вечерва во СЦ „Јане Сандански“ за трета победа во групата А од претквалификациите за Евробаскет 2021.

Предводени од триото Ричард Хендрикс – Бојан Трајковски – Војдан Стојановски,  македонскати репрезентативци мечот го отворија со 25:21 во првиот период, а на полувреме водеа со 52:27.

Предноста беше доволна за рутинирано второ полувреме во кое селекторот Давитков им даде шанса на сите играчи со кои располагаше во ростерот.

Македонија се зацврсти на врвот на табелата со максимални три победи.