Македонија и Србија ќе градат заедничка гранична железничка станица


Македонија и Србија ќе градат заедничка железничка станица на која ќе има заеднички гранични  и инспекциски служби и заедничка царина. Проценетата вредност е околу 4,5 милиони евра, а проектот за изградба ќе биде презентиран денеска во ЕУ инфо центарот во Скопје. На настанот најавено е обраќање на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Ѓукановиќ: Референдумот во Македонија е „сигнал за тревога“ за ЕУ


Резултатот од референдумот во Македонија, кој беше одбележан со масовен бојкот, ЕУ треба да го сфати како „сигнал за тревога“ за заканата што ја претставуваат антиевропските сили на Западниот Балкан, изјави денеска црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ. – Продолжувањето на проширувањето (на Унијата) е од клучно значење за Западниот Балкна и за ЕУ, оцени Ѓукановиќ во …

Ѓукановиќ: Референдумот во Македонија е „сигнал за тревога“ за ЕУ Read More »

Во Крива Паланка гласале четворица затвореници и 85 изнемоштени и болни


Во Крива Паланка своето избирачко право за референдумот го оставриле вкупно 85 изнемоштени и болни лица од општината, како и четворица затворенци. „Од вкупно пријавените 98 болни и изнемоштени лица од општината денеска гласаа 85 лица, а пак од петмината кои издржуваат казна затвор во Казнено-поправниот дом во Крива Паланка, на избирачкото место 0942 во …

Во Крива Паланка гласале четворица затвореници и 85 изнемоштени и болни Read More »

ДИК: До 17 часот излезноста на иселениците 36,56 отсто, а во КПУ 64,69 проценти


Вкупно 985 македонски иселеници или 36,56 отсто до 17 часот излегле да гласаат за референдумското прашање, но во нив не се влезени оние од САД, од Канада и од Лондон (вкупно пет гласачки места), каде гласањето трае до 19 часот по локално време, соопшти вечерва Државната изборна комисија (ДИК). Гласачките места, пак, во казнено-поправните установи (КПУ) …

ДИК: До 17 часот излезноста на иселениците 36,56 отсто, а во КПУ 64,69 проценти Read More »

Во Ранковце гласале 31 болно и изнемоштено лице од пријавените 34


Во општина Ранковце заврши гласањето на болни и изнемоштени лица, а од вкупно пријавените 34, гласале 31 лице. Како што информира претседателот на Општинската изборна комисија, Даниел Крстевски, материјалите се доставени до ОИК. „Изборниот материјал во Општината е примен навреме, избирачките материјали и кутии се доставени до избирачките одбори на сите 13 избирачки места и …

Во Ранковце гласале 31 болно и изнемоштено лице од пријавените 34 Read More »

Во општина Дебар гласаа 22 болни и изнемоштени лица


Во општина Дебар денеска своето право на глас го остварија 22 болни и изнемоштени лица. Според Елмира Бакалим, претседателка на општинската изборна комизија, за гласање се пријавија 27 лица, одобрено е гласање на 23, а гласале 22 болни изнемоштени лица. „Избирачкиот материјал го распределивме и се е подготвено утре во 7 часот да бидат отворени …

Во општина Дебар гласаа 22 болни и изнемоштени лица Read More »

Заврши гласањето во македонската амбасада во Атина


Мирно и без проблеми заврши гласањето во Атина, а гласачкото место број 5014 во Канцеларијата за врски на Република Македонија беше затворено во 19 часот по локално време. Како што јави дописничката на МИА од Атина, правото на глас го остварија 13 од 15 македонски државјани пријавени за гласање во грчката престолнина. Веднаш по затворањето …

Заврши гласањето во македонската амбасада во Атина Read More »

Македонија влегува во реформската ЕУ-машина


Европската унија ја почнува подготвителната скрининг-фаза за пристапните преговори со Македонија.В четврток, на само три дена пред референдумот за договорот со Грција (решението на деценискиот спор е еден од условите Македонија да стане членка на ЕУ), досега најголема делегација од над 40 претставници, предводена од главниот политички преговарач Бујар Османи заминува за Брисел. Со презентирање …

Македонија влегува во реформската ЕУ-машина Read More »

Дудуш: „Ни рекоа дека ќе бидеме убиени“


Со сведочење на градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш денеска во Кривичниот суд продолжи судењето на обвинетите за настаните во Собранието на Македонија на 27 април минатата година. Дудуш во судницата рече дека се сеќава оти на 27 април бил на галеријата во прес-салата во Собранието кога влегла поголема група демонстранти кои извикувале „ќе бидете убиени”. …

Дудуш: „Ни рекоа дека ќе бидеме убиени“ Read More »

Македонија и Албанија ќе работат на развој на преносните мрежи на природен гас


Македонија и Албанија ќе соработуваат на развој на преносните мрежи на природен гас преку изградба на интерконективен вод, во насока на ефикасна испорака на овој природен енергенс. Ова го предвидува Меморандумот за разбирање што денеска е потпишан во Тирана помеѓу Македонски енергетски ресурси АД Скопје и АЛБГАЗ од Тирана. На потпишувањето на Меморадумот присуствуваа минситерот …

Македонија и Албанија ќе работат на развој на преносните мрежи на природен гас Read More »

Ахмети: На 30 септември нема губитници


На 30 септември нема губитници, на 30 септември победува Република Македонија, победуваат граѓаните, добиваат одржлив мир, стабилност, безбедност, членство во НАТО наредните 15 месеци и почнување преговори за членство во ЕУ во јуни наредната година, рече лидерот на ДУИ Али Ахмети на синоќешната средба со жителите на Желино.  Ахмети уште еднаш повика граѓаните да излезат на …

Ахмети: На 30 септември нема губитници Read More »

Македонија со највисока стапка на воспитување преку насилство


 Македонија е земја во која има највисока стапка на воспитување на децата преку насилство, споредено со земјите во регионот. Но, овој проблем, како и проблемот со сите други видови насилство врз децата е глобален и застапен во сите земји и бара итна реакција од општеството. Насилството во детската возраст, создава можност да се развијат во …

Македонија со највисока стапка на воспитување преку насилство Read More »

Расте интересот кај странските гости за туристичката понуда на Македонија


Република Македонија оваа година ќе ја посетат 1,2 милион туристи, кои ќе реализираат 3,2 милиони ноќевања и ќе донесат девизен прилив од 24 милијарди денари (390 милиони евра). Според податоците на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, само во првиот квартал оваа година забележан е раст на девизниот прилив остварен од туризмот од 26,5 …

Расте интересот кај странските гости за туристичката понуда на Македонија Read More »

Заев: Сакаме пријателство со Русија


„Немаме докази и аргументи дека Русија има некое влијание во однос на референдумот. Точно е тоа дека не е среќна со проширувањето на НАТО во Македонија, но таа нема ништо против проширувањето на ЕУ со целиот Западен Балкан“, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање по средбата со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. …

Заев: Сакаме пријателство со Русија Read More »

На Косово да му вратиме за лани


Спортските обложувалници ја сметаат македонската репрезентација за убедлив фаворит во денешното гостување во Приштина на стартот од втората фаза од претквалификациите за Евробаскетот во 2021 година. За победа на Македонија е изложен коефициент од 1.45, а за домаќинот речиси двојно. Но, така беше и лани во август при минатите претквалификации, па Косово забележа изненадувачка победа …

На Косово да му вратиме за лани Read More »

Грузија и Белорусија најопасни на патот до ЕП


Иако поминаа само 180 минути, односно два од шесте предвидени меча во фудбалската Лига на нации, македонската спортска јавност со едно око гледа во соседните групи и калкулира кој би ни стоел на патот до историскиот пласман на Европското првенство, кое за две години ќе се одржи во 13 земји. Воведното славје на гостински терен …

Грузија и Белорусија најопасни на патот до ЕП Read More »

Матис доаѓа во Македонија за поддршка на референдумот


Сакам јасно да ставам до знаење дека ние го поддржуваме македонскиот народ“, рече првиот човек на Пентагон, Џим Матис, пред да замине за Македонија овој викенд, јавува Гласот на Америка. На прашање од Гласот за Америка дали е загрижен за мешањето на Русија во референдумот во Македонија, секретарот за одбрана на САД Џим Матис рече: – …

Матис доаѓа во Македонија за поддршка на референдумот Read More »

Формиран комитет за историски, археолошки и образовни теми меѓу Македонија и Грција


Формиран е Заеднички интердисциплинарен комитет на експерти (ЗИКЕ) за историски, археолошки и образовни прашања меѓу Македонија и Грција. Во составот на ЗИКЕ од двете земји ќе има по седум членови. Македонскиот тим го предводи амбасадорот Виктор Габер. За формирањето на заедничкиот комитет соопштија и од Министерството за надворешни работи на Грција. Претседател на грчкиот тим …

Формиран комитет за историски, археолошки и образовни теми меѓу Македонија и Грција Read More »

Македонија ја совлада Ерменија во Лигата на нациите


Македонија ја совлада Ерменија со 2:0 во натпревар од второто коло на Лига на нациите. Македонските фудбалери ја искористија предноста на домашниот терен и одлично го започнаа натпреварот. Гостите во 12-та минута направија прекршок во шеснаесетникот врз капитенот Горан Пандев, а главниот судија досуди пенал, по што фудбалерот на Лидс, Езџан Алиоски, успешно реализираше од …

Македонија ја совлада Ерменија во Лигата на нациите Read More »

Спасовски: На 30 септември на Македонија ќе ѝ обезбедиме иднина и развој


Да се обединиме и да се направи сé и да ја извојуваме најголемата битка за Македонија на 30 септември со која ќе ѝ обезбедиме иднина и развој и да покажеме дека сме силни вредности, со оваа порака зборови потпретседателот на Владата и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски ја побара поддршката од гостиварци на вечерашната …

Спасовски: На 30 септември на Македонија ќе ѝ обезбедиме иднина и развој Read More »