Во Ранковце гласале 31 болно и изнемоштено лице од пријавените 34


Во општина Ранковце заврши гласањето на болни и изнемоштени лица, а од вкупно пријавените 34, гласале 31 лице.

Како што информира претседателот на Општинската изборна комисија, Даниел Крстевски, материјалите се доставени до ОИК.

„Изборниот материјал во Општината е примен навреме, избирачките материјали и кутии се доставени до избирачките одбори на сите 13 избирачки места и се е подготвено за утрешниот референдум“, изјави Крстевски.

Во општина Ранковце право на глас имаат 3.016 гласачи кои своето избирачко право на утрешниот референдум можат да го остварат на 13 избирачки места