Во општина Дебар гласаа 22 болни и изнемоштени лица


Во општина Дебар денеска своето право на глас го остварија 22 болни и изнемоштени лица.

Според Елмира Бакалим, претседателка на општинската изборна комизија, за гласање се пријавија 27 лица, одобрено е гласање на 23, а гласале 22 болни изнемоштени лица.

„Избирачкиот материјал го распределивме и се е подготвено утре во 7 часот да бидат отворени сите 27 избирачки места. Во единствениот избирачки список се запишани 18.318 лица со право на глас што е за 88 лица помалку од последните избори“, изјави Бакали.

Во општина Центар Жупа, немаше гласање на болни и изнемоштени лица, бидејќи до предвидениот рок не е добиена соодветна пријава за тоа.

„Во нашата општина на утрешниот Референдум ќе се гласа на 16 избирачки места. Во единствениот избрачки список се  запишани  6.686 лица со право на глас што е за 124 гласачи помалку споредено со бројот на гласачи на последните избори“,  вели Еран Зубер, претседател на ОИК.

Зубер потврди дека и таму избирачкиот материјал е распределен и оти се е подготвено за утрешното гласање.