Надал се откажа од Париз, Ѓоковиќ повторно на врвот на АТП


Франција– Рафаел Надал се откажа од претстојниот АТП турнир во Париз, што значи дека Новак Ѓоковиќ одново ќе го преземе врвот на АТП листата по одличната сезона која ја одигра откако се врати по повредите. Шпанецот и понатаму мака мачи со повредите на коленото и пред дуелот против Фернандо Вердаско мораше да се откаже од …

Надал се откажа од Париз, Ѓоковиќ повторно на врвот на АТП Read More »

Ѓоковиќ обезбеди осминафинале на Мастерсот во Париз


Франција– Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласира во осминафиналето на последниот Мастерс турнир оваа година, откако синоќа го совлада Португалецот Жоао Соуса. Ѓоковиќ кој е втор носител, доколку избори подобар пласман од Рафаел Надал на крајот од Мастерсот, повторно ќе стане број 1 на АТП ранг листата. Резултати од доесга завршените мечеви во вториот круг: Медведев …

Ѓоковиќ обезбеди осминафинале на Мастерсот во Париз Read More »

Ѓоковиќ го освои Мастерсот во Шангај


Кина– Нов трофеј за Новак Ѓоковиќ и тоа во Шангај каде во рамките на АТП Мастерсот го совлада младиот хрватски тенисер Борна Чориќ со 2-0 .  Во меч во кој  Србинот доминираше  21-годишниот Чориќ успеа да освои вкупно 7 гема и да го признае 3-тиот пораз во дуелите со Новак Ѓоковиќ иако вечно ќе се …

Ѓоковиќ го освои Мастерсот во Шангај Read More »

Ѓоковиќ му се приближува на Надал


Англија – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ за 500 поени ја намали разликата во однос на лидерот Рафаел Надал на најновата АТП ранг листата објавена денеска. Шпанецот не настапи на турнирот во Пекинг каде требаше да го брани трофејот. Ранг листа на најдобрите 10 светски тенисери: 1. Рафаел Надал (Шпанија) – 8.260 поени 2. Роџер Федерер (Швајцарија) – …

Ѓоковиќ му се приближува на Надал Read More »

Ѓоковиќ до Модриќ: Браво мајсторе, заслужено


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ му ја честиташе титулата најдобар фудбалер на светот на Хрватот Лука Модриќ. Кратко по доделувањето на наградата, Ѓоковиќ напиша на „Инстаграм“: „Браво Лука. Апсолутно заслужено, мајсторе. Нека ти е со среќа“. Ѓоковиќ и летово за време на Светското првенство во Русија отворено навиваше за Хрватска.

Ревијален „Лејвер куп“: Ѓоковиќ изгуби од Андерсон


САД – На ревијалниот тениски „Лејвер куп“ во Чикаго каде играат селекциите на Светот и на Европа резултатот по вториот ден е 7:5 за тенисерите од „Стариот континент“. Ноќеска изненадување направи Кевин Андерсон од Јужноафриканската Република со победата над Србинот Новак Ѓоковиќ со резултат 2-1, по сетови 7:6; 5:7 и 10:6. Во игра на двојки, Сок/Кирјос беа …

Ревијален „Лејвер куп“: Ѓоковиќ изгуби од Андерсон Read More »

Ѓоковиќ: Условите брутални, само играчите знаат колку им е тешко


САД-Шестиот носител Новак Ѓоковиќ кој успешно го мина првото коло на Грен слемот УС Опен се пожали на условите во кои се играат најголемиот број од мечевите. – На почетокот сме, а веќе имаме десетина откажувања поради бруталните услови. Температурите се екстремно високи и колку и да се подготвуваш за такви услови на теренот, тешко …

Ѓоковиќ: Условите брутални, само играчите знаат колку им е тешко Read More »

Ѓоковиќ го среди и Раониќ, со Чилиќ во полуфинале


Некогаш најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ успеа да се поласира во полуфиналето од тенискиот турнир во Синсинати. Со 2-1 во сетови, ноќеска го совлада Канаѓанецот со црногорско потекло, Милош Раониќ. За меч во финалето ќе игра против Хрватот Марин Чилиќ, кој лесно го помина Карено-Буста од Шпанија. Во другото полуфинале ќе се сретнат Рожер …

Ѓоковиќ го среди и Раониќ, со Чилиќ во полуфинале Read More »

Ѓоковиќ: Честитки до Хрватска за сребрениот медал


Победникот на овогодинешното издание на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ уште еднаш и се поклони на хрватската фудбалска репрезентација за огромниот успех на Мундијалот во Русија, каде го освоија второто место. Српскиот тенисер неколку пати јавно кажа дека навива за Хрватска, по што и „коцкестите“ фудбалери му возвратија на подршката, па изјавија дека му посакуваат титула на …

Ѓоковиќ: Честитки до Хрватска за сребрениот медал Read More »

Ѓоковиќ по четврти пат го освои Вимблдон


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ по четврти пат го освои Грен слемот Вимблдон, откако попладнево во финалето го совлада Кевин Андерсон со 3-0, по сетови 6:2, 6:2, 7:6 (7: 3). До шестата победа во седмиот меѓусебен дуел Ѓоковиќ дојде со импресивна игра, особено во првите два сета, така што тој имаше мали проблеми само во …

Ѓоковиќ по четврти пат го освои Вимблдон Read More »

Ѓоковиќ: Ајде Хрватска


Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, ја поддржа хрватската фудбалска репрезентација на Светското првенство во Русија. Пред синоќешниот меч со Аргентина, популарниот Ноле, на својот инстаграм напиша: „Ајде Хрватска“. Хрватите победија со 3-0 и се пласираа во осминафиналето од првенството.

Ѓоковиќ: Не знам дали ќе играм во сезоната на трева


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ по поразот во четвртфиналето на „Ролан Гарос“ изјави дека размислува дали да игра во сезоната на трева. Ѓоковиќ денеска со 3:1 во сетови беше совладан од италијанскиот тенисер Марко Чекинато. –  Му честитам! Играше одлично од самиот почеток, а мене ми требаше време да се разиграм. Откако се загреав беше …

Ѓоковиќ: Не знам дали ќе играм во сезоната на трева Read More »

Чекинато го исфрли Ѓоковиќ од „Ролан Гарос“


Италијанскиот тенисер Марко Чекинато се пласираше во полуфиналето на „Ролан Гарос“, откако со 3:1 во сетови го совлада најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ. Чекинато, кој се наоѓа на 72-та позиција на АТП листата го направи најголемото изненадување на турнирот елиминирајќи го поранешниот најдобар тенисер во светот, кој во моментот е на 22-то место. Италијанскиот тенисер …

Чекинато го исфрли Ѓоковиќ од „Ролан Гарос“ Read More »

Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на „Ролан Гарос“


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на „Ролан Гарос“. Ѓоковиќ по три одиграни сета со 3:0 (6:3, 6:4, 6:2) успеа да го совлада шпанскиот тенисер Фернандо Вердаско. Српскиот тенисер против Вердаско релативно лесно победи и прикажа сигурна игра, што наговестува дека се враќа во старата препознатлива форма. За Ѓоковиќ ова е деветто …

Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на „Ролан Гарос“ Read More »

Виландер: Ѓоковиќ нема шанси да го освои „Ролан Гарос“


Франција– Прославениот шведски тенисер, Матс Виландер рече дека е прерано за Новак Ѓоковиќ да триумфира на „Ролан Гарос“, со оглед на сите проблеми со повредата. Ѓоковиќ ја пропушти втората половина од минатата сезона поради повреда на неговиот лакaт и се врати на Австралија Oпен. По завршувањето на првиот Грен слем се подложи и на мала интервенција, …

Виландер: Ѓоковиќ нема шанси да го освои „Ролан Гарос“ Read More »

Ѓоковиќ: На „Ролан Гарос“ се чувствува како дома


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ во првото коло на „Ролан Гарос“ го совлада Бразилецот Рожерио Дутра да Силва. Ѓоковиќ во натпреварот кој траеше два часа и шест минути оствари убедлива победа од 3:0, односно по сетови 6:3, 6:4 и 6:4. Српскиот тенисер и покрај почетната несигурност не дозволи изненадување и лесно се пласираше во второто …

Ѓоковиќ: На „Ролан Гарос“ се чувствува како дома Read More »

Бекер: Ѓоковиќ ќе се врати во форма, ако е дисциплиниран и трпелив


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ повторно ќе игра на врвно ниво, доколку е дисциплиниран и трпелив, смета неговиот поранешен тренер Борис Бекер. Ѓоковиќ мината седмица стигна до полуфиналето на Мастерсот во Рим, што е негов најдобар резултат оваа сезона. Но и покрај отпорот што му го пружи на Рафаел Надал, сепак шпанскиот тенисер победи на …

Бекер: Ѓоковиќ ќе се врати во форма, ако е дисциплиниран и трпелив Read More »

Ѓоковиќ го совлада Нишикори и „закажа“ дуел со Надал


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада Јапонецот Кеи Нишикори со 2:1 во сетови во четвртфиналето на Мастерсот во Рим. Српскиот тенисер лошо го почна натпреварот и првиот сет му припадна на Нишикори. Потоа Ѓоковиќ се врати во ритам и ги освои двата сета совладувајќи го јапонскиот тенисер. Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра против шпанскиот …

Ѓоковиќ го совлада Нишикори и „закажа“ дуел со Надал Read More »

Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето во Рим


Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на „Мастерс“ турнирот во Рим. Најдобриот српски тенисер беше подобар од Николас Басилашвили во вториот круг на турнирот во „вечниот град“, откако победи во два сета – 6:4 и 6:2. Имаше голема борба меѓу двајца тенисери во првиот сет, но одлуката падна во финишот, кога Новак со два брејка …

Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето во Рим Read More »

Ѓоковиќ го совлада Долгополов во Рим


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада Украинецот Александар Долгополов со 2:0 во сетови (6:1, 6:3) во првото коло на Мастерсот во Рим. Ѓоковиќ го победи украинскиот тенисер за 56 минути и го одигра веројатно најдобриот натпревар сезонава, откако се врати на терен по повредата. Српскиот тенисер рутински го доби првиот сет, додека во почетокот …

Ѓоковиќ го совлада Долгополов во Рим Read More »