Ѓоковиќ: Не знам дали ќе играм во сезоната на трева


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ по поразот во четвртфиналето на „Ролан Гарос“ изјави дека размислува дали да игра во сезоната на трева.

Ѓоковиќ денеска со 3:1 во сетови беше совладан од италијанскиот тенисер Марко Чекинато.

–  Му честитам! Играше одлично од самиот почеток, а мене ми требаше време да се разиграм. Откако се загреав беше подобро, но не успеав да ги искористам моите шанси. Тој остана смирен во клучните периоди, а мене во некои моменти ми недостигаше и среќа, истакна Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер наведе дека по овој натпревар размислува и не знае дали ќе игра во сезоната на трева.

– Никогаш не ми било тешко на противникот да му ја честитам победата, нагласи Ѓоковиќ.

За Чекинато, кој се наоѓа на 72-та позиција на АТП листата, ова е прва победа на некој од големите турнири.