Ѓоковиќ: На „Ролан Гарос“ се чувствува како дома


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ во првото коло на „Ролан Гарос“ го совлада Бразилецот Рожерио Дутра да Силва.

Ѓоковиќ во натпреварот кој траеше два часа и шест минути оствари убедлива победа од 3:0, односно по сетови 6:3, 6:4 и 6:4.

Српскиот тенисер и покрај почетната несигурност не дозволи изненадување и лесно се пласираше во второто коло.

– Не бев на највисоко ниво, но ова е почеток на турнирот и се надевам дека мојата игра ќе се подобрува, истакна Ѓоковиќ по завршувањето на натпреварот.

Тој додаде дека на „Ролан Гарос“ се чувствува како дома и дека одлично ги познава терените.

– Не сум меѓу највисоките носители, но го знам овој терен, тука сум како дома, истакна Ѓоковиќ.

Најголемото изненадување во првото коло го направи Гиљермо Гарсија Лопез, кој го елиминираше Стан Вавринка во натпревар што траеше три и пол часа. Швајцарскиот тенисер, кој победи на турнирот во Франција пред три години, видно разочаран го напушти теренот.