Приходите во Буџетот наплатени од Царината зголемени за седум проценти


Приходите наплатени од Царинската управа (ЦУ) во првото тримесечје годинава изнесуваат 28,7 милијарди денари, што е 1,9 милијарди денари или седум проценти повеќе во однос на истиот период минатата година, соопшти денеска ЦУ. Според директорот на Царинската управа Стефан Богоев, резултатите покажуваат зголемување на ефективноста на Царината. Растот на царинските приходи значи поголеми приливи во …

Приходите во Буџетот наплатени од Царината зголемени за седум проценти Read More »

Богоев: Царинската управа креира реформски политики за подобрување на условите за водење бизнис


Царинската управа e една од клучните институции за подобрување на условите за водење бизнис и забрзан економски раст. Преку спроведување реформски политики за унапредување на трговијата и користење врвна ИТ технологија обезбедуваме огромни поедноставувања на увозните, извозните и транзитните постапки што за македонското стопанство значи заштеда на време и средства и конкурентска предност на меѓународниот …

Богоев: Царинската управа креира реформски политики за подобрување на условите за водење бизнис Read More »

Со корејски грант од 4,8 милиони евра Царина добива систем за управување со ризици


Систем за управување со ризици и податочен склад ќе овозможи да се соберат повеќе приходи во Буџетот, што значи повеќе пари за болници, инфраструктурни проекти и училишта и сузбивање на организираниот криминал. Ова го истакна на денешната прес конференција во Царинската управа, директорот Стефан Богоев, кој заедно со директорот на корејска Царина, Квангхио Ко, официјално …

Со корејски грант од 4,8 милиони евра Царина добива систем за управување со ризици Read More »

Царинска управа: Спречен шверц на стоматолошка опрема, цигари, икони, шафран и маџун


Спречени се обиди за криумчарење на икони, цигари, стоматолошка опрема, 100 тегли маџун и пет килограми зачин шафран чија цена е 1.500 евра од килограм, што во различни случаи лица се обиделе нелегално да ги внесат во државата. Стоката во сите случаи е запленета, а против лицата се поднесени соодветни пријави, информираше денеска Царинската управа. …

Царинска управа: Спречен шверц на стоматолошка опрема, цигари, икони, шафран и маџун Read More »

Од спречен обид за избегнување плаќање увозни давачки, Царина ќе наплати пет милиони денари


Со судска пресуда, од фирма од Скопје која избегнала да плати увозни давачи при увоз на гас, Царина ќе наплати вкупно пет милиони денари, два милиони во пари и три милиони од одземени влекач и цистерна.  – Царинската управа ќе наплати 2 милиони денари, пари што што ќе се слеат во Буџетот, откако фирма од …

Од спречен обид за избегнување плаќање увозни давачки, Царина ќе наплати пет милиони денари Read More »

Запленети 185 илјади норвешки круни на Аеродром Скопје


На Аеродромот Скопје царинарниците заплениле 185 илјади норвешки круни кај норвешки државјанин со потекло од Косово, соопшти денеска Царинската управа.  -Запленети се 185 илјади норвешки круни, откако патник на излез од државата на Аеродром Скопје не ги пријавил истите кај царинскиот орган. Патникот, инаку норвешки државјанин со потекло од Косово, со себе во црна торба …

Запленети 185 илјади норвешки круни на Аеродром Скопје Read More »

По повод Светскиот ден на царината, доделени сертификати на Костал, Комфи Анѓел, Пекабеско и Дел Кредере


По повод Светскиот ден на царината што годинава македонската Царинска управа и останатите членки на Светската царинска организација го одбележуваат под мотото „Царината негува традиционални и поттикнува нови партнерства со цел“, денеска беа доделени сертификати за успешна соработка на компаниите Костал, Комфи Анѓел, Пекабеско и Дел Кредере.   Како што соопштија од Царинската управа, сертификат бил …

По повод Светскиот ден на царината, доделени сертификати на Костал, Комфи Анѓел, Пекабеско и Дел Кредере Read More »

Запленети 248 грама злато што двајца патници се обиделе нелегално да го изнесат од државата


На граничниот премин Табановце биле запленети 248 грама злато, со проценета вредност од околу 12 илјади евра што двајца сопатници во обид да го скријат планирале да го изнесат од државата без да го пријават кај царинските органи. – Патниците кои патувале со патничко комбе на излез на Табановце од страна на Мобилен тим на …

Запленети 248 грама злато што двајца патници се обиделе нелегално да го изнесат од државата Read More »

Царината набави нови дронови за поддршка во борбата против шверцот


Двата клучни сектори за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал, Секторот за контрола и истраги и Секторот за посебни истражни мерки, ќе се зајакнат со дронови што ќе бидат обезбедени како донација од Обединетото Кралство, со кои што ќе ракува специјален тим кој неделава помина обуки организирани од страна на експерти од Обединетото Кралство. Ова …

Царината набави нови дронови за поддршка во борбата против шверцот Read More »

Спречен обид за нелегално внесување девизи, скриени под акумулатор


Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги на граничниот премин Табановце во текот на минатиот викенд заплениле девизи кои македонски државјанин имал намера нелегално да ги внесе во државата, соопштија денеска од Царинската управа. – Поради сомневање, царинските инспектори извршиле детална контрола на возилото со кое лицето патувало и притоа во …

Спречен обид за нелегално внесување девизи, скриени под акумулатор Read More »

Царината заплени непријавени 50.600 евра на Меѓународниот аеродром Скопје


Запленети биле 50.600 евра коишто патник на влез во државата на царинската испостава Аеродром Скопје, не ги пријавил кај царинските службеници. – Патникот кој патувал од Истанбул, на влез се определил да помине на зелен канал каде што поминуваат лица кои немаат ништо за пријавување. Царинските службеници го селектирале за преглед, при што во личниот …

Царината заплени непријавени 50.600 евра на Меѓународниот аеродром Скопје Read More »

Царинска управа: Спречен обид за шверц на 50 тони дизел гориво декларирано како базно масло


Царинските службеници на Ќафасан спречиле обид за шверц на 50 тони дизел гориво декларирано како базно масло, а кое било транспортирано во две товарни моторни возила – цистерни. Против сторителите, како што информираат утрово од Царинската управа, се поднесени кривични пријави до Јавно обвинителство.   -На влез во државата на граничниот премин Ќафасан пристигнале две …

Царинска управа: Спречен обид за шверц на 50 тони дизел гориво декларирано како базно масло Read More »

Поради Самитот на ОБСЕ, градските царински испостави ќе работат само со дежурни екипи


Согласно донесениот заклучок на седница на Владата на Република Северна Македонија, а по повод Триесеттиот министерски состанок на ОБСЕ, работното време на сите вработени во државната и јавната администрација на територија на град Скопје на 29.11.2023 година (среда) да заврши во 12 часот, а 30 ноември 2023 година (четврток) се определува за неработен ден за …

Поради Самитот на ОБСЕ, градските царински испостави ќе работат само со дежурни екипи Read More »

Спречен обид за шверц – запленети 2,7 кг сребрен накит, 33 часовници и 160 парчиња облека


Во текот на изминатиот викенд, царинарниците на три гранични премини заплениле роба во вредност од 500.000 денари, со што спречиле избегнување на плаќање царински давачки од околу 150.000 денари. Околу 2,7 килограми сребрен накит, 33 часовници, како и 160 парчиња облека со вкупна вредност од над половина милион денари се запленети од мобилни тимови на …

Спречен обид за шверц – запленети 2,7 кг сребрен накит, 33 часовници и 160 парчиња облека Read More »

За 10 години потрошувачката на цигари е намалена за една третина, а приходите од акциза за тутунски производи се зголемени за 61 отсто


„Воспоставениот календар за годишно зголемување на акцизите кај тутунските производи, новиот систем за следење и контрола на тутунските производи, но и акциите коишто ги спроведува Секторот за контрола и истраги при Царинската управа ефикасно ја сузбиваат нелегалната трговија со тутун, ги зголемуваат приходите во Буџетот, а воедно овозможуваат поголема заштита на здравјето на граѓаните. Активностите …

За 10 години потрошувачката на цигари е намалена за една третина, а приходите од акциза за тутунски производи се зголемени за 61 отсто Read More »

Во Царината почнува реализацијата на грантот од 4,8 милиони долари


 Директорот на Царинска управа Стефан Богоев и генералниот директор на Царинската служба на Република Кореја, Кванјанг Ко остварија средба во седиштето на корејската Царина во Сеул на која најавија отпочнување на реализацијата на грантот од 4,8 милиони долари за развој и имплементација на систем за управување со ризици и податочен склад. Богоев, како што соопшти …

Во Царината почнува реализацијата на грантот од 4,8 милиони долари Read More »

Цариниците на ГП „Богородица“ запленија непријавени 700 парчиња облека


Запленети непријавени 700 парчиња облека од царинските службеници на граничниот премин „Богородица“, информира Царинска управа, со што е спречен обид за сива економија. – Во пет случаи царинските службеници од граничниот премин Богородица запленија околу 700 парчиња непријавена облека и 22 пара обувки наменети за продажба на македонскиот пазар. Во сите случаи лицата, инаку македонски …

Цариниците на ГП „Богородица“ запленија непријавени 700 парчиња облека Read More »

Царината спречи криумчарење брендирана облека и обувки вредни 1,6 милиони денари


Спречен е обид за криумчарење брендирана облека и обувки вредни 1,6 милиони денари од познати модни марки меѓу кои „Долче и Габана“, „Версаче“ „Мајкл Корс“ „Ралф Лoрен“ и „Најк“, во два посебни случаи на контроли на влез во државата на граничниот премин Табановце. Како што денеска соопштија од Царинската управа, брендираната роба за која требало …

Царината спречи криумчарење брендирана облека и обувки вредни 1,6 милиони денари Read More »

На Табановце цариниците запленија 20 илјади евра, македонски државјанин сакал нелегално да ги внесе во државата


Царинските службеници на Табановце во текот на минатиот викенд запленија околу 20 илјади евра кои македонски државјанин имал намера нелегално да ги внесе во државата. Непријавените девизи се откриени при детална контрола на возилото со кое лицето патувало. -На 22 октомври, македонскиот државјанин кој управувал со возило со шведски регистарски таблички, на влез во државава …

На Табановце цариниците запленија 20 илјади евра, македонски државјанин сакал нелегално да ги внесе во државата Read More »

Богоев: Системот што ќе се развие со грант од Кореја ќе детектира сомнителни пратки


Доколку некоја компанија 10 пати во месецот увезува редовно едни производи, а само еднаш месечно се увезува различна пратка која не е типична за неа, тогаш ИТ системот што ќе се развие и имплементира со грант од Република Кореја ќе алармира за можен ризик, што треба да се провери и контролира, вели директорот на Царинска …

Богоев: Системот што ќе се развие со грант од Кореја ќе детектира сомнителни пратки Read More »