Средба Мицкоски – Бартол: Членството во НАТО цврста определба на ВМРО-ДПМНЕ


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, придружуван од Владимир Ѓорчев и Александар Николоски, остварил денеска средба со делегација на НАТО, предводена од Горазд Бартол, шеф на канцеларијата за врски на Алијансата во Македонија, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ. На средбата се разговарало за приоритетите на Македонија за нејзино членство во НАТО, актуелните политички случувања во земјата, како и …

Средба Мицкоски – Бартол: Членството во НАТО цврста определба на ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Мицкоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е обединета


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ одлучи да не учествува во работата на Собранието сѐ додека не се создадат услови за нормално демократско функционирање на институцијата, изјави претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, по денешната координација на опозициските пратеници. Зад овој став, според Мицкоски, стои целата пратеничката група. „Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, барем оние кои се на слобода, се …

Мицкоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е обединета Read More »

Кои луѓе на Груевски ќе останат во тимот на Мицкоски?


Новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, според неофицијални информации од партијата, веќе го селектира новиот состав на извршниот комитет, кој би бил официјализиран по божикните празници или најдоцна до крајот на годинава. Тогаш, според најавите, би бил именуван и нов генерален секретар на најголемата опозициска партија – функција што во изминатите месеци ја извршуваше токму …

Кои луѓе на Груевски ќе останат во тимот на Мицкоски? Read More »

Честитка од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ по повод Бадник


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати честитка по повод христијанскиот празник Раѓањето Христово – Божик до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан, свештенството и монаштвото и до сите православни верници. – Да продолжиме да даруваме безусловна љубов, поддршка и помош. Овој ден од годината е ден кога во духот на Евангелието …

Честитка од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ по повод Бадник Read More »

Христијан Мицкоски славеше во Струмица (Фото)


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Новата година ја пречека во Струмица со своето семејство. Тој најлудата ноќ ја помина со своите синови Антониј и Јован, како и сопругата Рози која потекнува од Струмица. -Времето поминато со своите најблиски е незаменливо и скапоцено…, Среќна Нова 2018-та година…, напиша Мицкоски на својот ФБ профил.

(ВИДЕО) Новогодишно обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски: ЕУ и НАТО мора да станат достижни цели


Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во новогодишно обраќање до јавноста, негово прво по победата на партискиот Конгрес во Валандово, со низа забелешки и укажувања, но и нагласена потреба од политички дијалог на домашната сцена со цел членството во Европската унија и во НАТО да станат достижни цели за Македонија. Oбраќањето на лидерот на најголемата …

(ВИДЕО) Новогодишно обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски: ЕУ и НАТО мора да станат достижни цели Read More »

Груевски: Мицкоски ќе каже дали пратениците ќе се вратат во Собранието


Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски смета дека за тоа дали пратениците ќе учествуваат во натамошната работа на Собранието, треба да се праша новото раководство на партијата. – Партијата има нов лидер и ново раководство и за тие прашања обратете се кај нив, рече Груевски одговарајќи на прашање денеска пред Кривичниот суд. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ …

Груевски: Мицкоски ќе каже дали пратениците ќе се вратат во Собранието Read More »

Мицкоски се всели во кабинетот на Груевски


Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска му го предал партискиот кабинет на новоизбраниот лидер на партијата Христијан Мицкоски. Груевски му посакал успех во работа на Мицкоски, истакнувајќи дека членовите на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните очекуваат мудрост и разум во одлучувањето, како и решителност во справувањето со предизвиците наметнати од Владата, пред се, како што е …

Мицкоски се всели во кабинетот на Груевски Read More »

Претседателот Иванов се сретна со Мицкоски, новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска го прими новоизбраниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, му го честитал изборот на Мицкоски и му посакал успех во вршењето на функцијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот Иванов изразил очекување дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициска партија, активно ќе дава придонес во процесите за …

Претседателот Иванов се сретна со Мицкоски, новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Read More »

На ливчето немаше друг избор освен „За“ Мицкоски


За „Кинески систем“ и „византиски игри“ во Валандово, обвинуваат дел од делегатите на ВМРО – ДПМНЕ, на кои што воопшто не им се допадна начинот на кој беше организиран конгресот каде се избра наследник на Никола Груевски. Тие го сметаат конгресот за нелегитимен, посочувајќи конкретни примери, со кои, наводно, се гледа како партиската машинерија работи …

На ливчето немаше друг избор освен „За“ Мицкоски Read More »

Љубчо Георгиевски: Треба да му се даде шанса на Мицкоски


Љубчо Георгиевски, поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, го поддржува изборот на Христијан Мицкоски за нов лидер на партијата. „Христијан Мицкоски од сите имиња што беа кандидати за претседател на ВМРО-ДПМНЕ сепак е најнекомпромитиран, неизвалкан со афери, најенергичен и конечно најхаризматичен. Христијан има шанса да остави свој печат во Вмро. Треба да му се даде шанса…“, напиша …

Љубчо Георгиевски: Треба да му се даде шанса на Мицкоски Read More »

(ВИДЕО) Мицкоски: Политичката одмазда мора да стане минато


Македонија мора да оди напред. Корупцијата, политичките притисоци, политичката одмазда мора да стане минато, изјави новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по неговиот избор. – Македонија мора да има брз и ефикасен правосуден систем, а не уценет и зависен каков што е сега. Правичноста е најбитна. Судиите наместо да бидат мета на политички притисоци, треба …

(ВИДЕО) Мицкоски: Политичката одмазда мора да стане минато Read More »

Заврши гласањето: Христијан Мицкоски нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ


Христијан Мицкоски на денешниот 16. вонреден конгрес е избран за нов лидер на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Тој ја доби довербата на делегатите со огромно мнозинство. Од 438 пријавени делегати на конгресот, 376 гласале за изборот на Мицкоски, додека 52 ливчиња се неважечки. Претходно денеска, како што пренесе „Независен весник“, Никола Груевски на конгресот во …

Заврши гласањето: Христијан Мицкоски нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Мицкоски: Ќе бидам претседател на сите


Повеќе од 400 делегати присуствуваа на првиот ден од дводневниот 16 Конгрес во Валандово на ВМРО ДПМНЕ на кој што се избира наследник на Никола Груевски. Меѓу нив се актуелниот лидер, поранешениот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, екс градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски како и еден куп други видни поранешни и …

Мицкоски: Ќе бидам претседател на сите Read More »