Љубчо Георгиевски: Треба да му се даде шанса на Мицкоски


Љубчо Георгиевски, поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, го поддржува изборот на Христијан Мицкоски за нов лидер на партијата.

„Христијан Мицкоски од сите имиња што беа кандидати за претседател на ВМРО-ДПМНЕ сепак е најнекомпромитиран, неизвалкан со афери, најенергичен и конечно најхаризматичен. Христијан има шанса да остави свој печат во Вмро. Треба да му се даде шанса…“, напиша Георгиевски на својот ФБ профил.

Мицкоски беше избран за нов лидер на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ и доаѓа на местото на Никола Груевски. Од 438 пријавени делегати на конгресот, 376 гласале за изборот на Мицкоски, додека 52 ливчиња се неважечки.