(ВИДЕО) Мицкоски: Политичката одмазда мора да стане минато


Македонија мора да оди напред. Корупцијата, политичките притисоци, политичката одмазда мора да стане минато, изјави новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по неговиот избор.

– Македонија мора да има брз и ефикасен правосуден систем, а не уценет и зависен каков што е сега. Правичноста е најбитна. Судиите наместо да бидат мета на политички притисоци, треба да бидат почитувани и добро финансиски стимулирани за да може да се отпорни на обиди за корупција. Оние кои ја делат правдата мора да бидат независни и непристрасни. Граѓанинот треба да има достап до правдата брзо и ефикасно, без огромни трошоци, без бирократија, а полицијата професионална и почитувана. Мора да растат платите на граѓаните, клучот е во развојот на економијата – рече Мицкоски.