Поради министерскиот состанок на ОБСЕ, 30 ноември неработен ден во Скопје


За сите вработени во државната и јавната администрација на подрачјето на Град Скопје, 30 ноември (четврток) ќе биде неработен ден поради одржувањето на 30. Министерски состанок на ОБСЕ. Работното време на 29 ноември 2023 (среда), пак, ќе заврши во 12 часот. Одлуката ја донесе Владата денеска на седница, на предлог на Министерството за надворешни работи. …

Поради министерскиот состанок на ОБСЕ, 30 ноември неработен ден во Скопје Read More »

Понеделник, Успение на Пресвета Богородица – неработен ден за православните верници


Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 28 aвгуст 2023 година (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.  

Петок неработен ден за православните христијани, понеделник за сите граѓани


Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 14 април (петок) 2023 година, Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија. 17 април (понеделник) 2023 година, Велигден, вториот ден на Велигден според …

Петок неработен ден за православните христијани, понеделник за сите граѓани Read More »

Сабота, првиот ден на Божик е неработен ден


Министерството за труд и социјална политика, соопшти дека согласно со Законот за празниците, 7 јануари 2023 година (сабота), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, им го честита Божик на граѓаните од православната вероисповед.

МТСП: 20 aвгуст неработен ден за граѓаните на општините Маврово и Ростуша, Центар Жупа и Тетово


Согласно заклучокот на 69 седница на Владата на Република Северна Македонија, 20 aвгуст 2022 година (сабота) е неработен ден за граѓаните на општините Маврово и Ростуша, Центар Жупа и Тетово, заради непречено спроведување на изборите за градоначалник на Општина Маврово и Ростуша, градоначалник на Општина Центар Жупа и членови на Советот на Општина Тетово. Овој …

МТСП: 20 aвгуст неработен ден за граѓаните на општините Маврово и Ростуша, Центар Жупа и Тетово Read More »

Божик – 7 јануари неработен ден за сите граѓани


Првиот ден на Божик – 7 јануари (петок), според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, неработниот ден е прогласен согласно Законот за празниците. Од Министерството за труд и социјална политика им го честитаат Божик на граѓаните од православната вероисповед.

Првиот ден на Рамзан Бајрам, 15 јуни, неработен за сите граѓани на Македонија


Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно Законот за празниците, 15 јуни 2018 година (петок), првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честита Рамазан Бајрам.

Утре неработен ден, уште колку неработни денови има до крајот на годината?


Ова се сите неработни денови кои преостануваат до крајот на годината: • 01 мај (вторник), Ден на трудот, • 24 мај (четврток) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители • 15 јуни (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, • 02 август (четврток), Ден на Републиката • 8 септември (сабота), Ден на независноста …

Утре неработен ден, уште колку неработни денови има до крајот на годината? Read More »

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април, неработен за ромската заедница


Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно Законот за празниците, 8 април (недела), Меѓународниот ден на Ромите е неработен ден за граѓаните припадници на ромската заедница во Република Македонија. Од Министерството на граѓаните припадници на ромската заедница во Република Македонија им го честитаат Меѓународниот ден на Ромите.