Сабота, првиот ден на Божик е неработен ден


Фото: Б. Грданоски

Министерството за труд и социјална политика, соопшти дека согласно со Законот за празниците, 7 јануари 2023 година (сабота), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, им го честита Божик на граѓаните од православната вероисповед.