Постигнат договор за Еурокомпозит, шаторите се тргаат од пред Владата


Постигнат е договор меѓу вработените од Еурокомпозит и Владата. Ќе им бидат исплатени две плати до петок и ќе се бара решение исто како што се решаваше „Фени Индустри“. Договорот е постигнат на денешната средба меѓу вработените и претставници на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство (СИЕР) со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. – Владата …

Постигнат договор за Еурокомпозит, шаторите се тргаат од пред Владата Read More »

Договорот со Грција во четврток на нов тест


Законот за ратификација на договорот со Грција ќе се најде во четврток на нов тест пред пратениците, а потоа и кај шефот на државата Ѓорге Иванов, кој неодамна стави вето на овој документ. На денешната координација во парламентот е договорено новата седница да биде закажана на 5 јули, кога за ратификацијата треба да се изјаснат …

Договорот со Грција во четврток на нов тест Read More »

ВМРО-ДПМНЕ го чека прашањето за референдумот


„Не е добро да се менуваат изборните правила спроти самиот настан“, прокоментира вчера Стево Пендаровски, националниот координатор на НАТО на прашањето дали ќе дојде до намалување на потребниот цензус за најавениот референдум околу договорот за името со Грција. Тој не ги поддржува заложбите што се појавуваат во дел од јавноста и меѓу власта за промена …

ВМРО-ДПМНЕ го чека прашањето за референдумот Read More »

Владата рамнодушна кон Иванов, Договорот со Грција ќе си тера


Одлуката на претседателот Ѓорге Иванов и непотпишувањето на Указот за законот за ратификација на договорот за името, од Владата ја оценуваат како очекувана, но не влијае на имплементацијата на договорот. – Што се однесува до одлуката на Иванов истата беше очекувана, но таа не влијае на чекорите односно имплементацијата на фазите од договорот. Владата на …

Владата рамнодушна кон Иванов, Договорот со Грција ќе си тера Read More »

Најдоцна следната недела Собранието повторно ќе гласа за договорот за името


Во Собранието на Република Македонија денеска е доставена одлуката на претседателот на државата Ѓорге Иванов со која тој информира дека нема да го потпише Указот за прогласување на Законот за ратификација на Kонечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста …

Најдоцна следната недела Собранието повторно ќе гласа за договорот за името Read More »

Иванов не го потпиша Законот за ратификација на Договорот со Грција


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов донесе одлука да не го потпише Указот за прогласување на Законот за ратификација на Kонечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување стратешко партнерство …

Иванов не го потпиша Законот за ратификација на Договорот со Грција Read More »

Османи за „Realnews“: Недобивањето датум од ЕУ може да има последици врз Договорот


Недобивањето датум за пристапни преговори со ЕУ, би предизвикало разочарување, но и последици врз имплементацијата на Договорот и врз исходот од референдумот, смета вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи. Во интервју за денешното издание на грчкиот весник „Realnews“, Османи вели дека доколку на претстојниот Самит на ЕУ не се донесе одлука за почеток на пристапни преговори …

Османи за „Realnews“: Недобивањето датум од ЕУ може да има последици врз Договорот Read More »

Договорот со Грција е запечатен и при нова власт


  Договорот со Грција околу прашањето за името е можно да се раскине при промена власта, како и секој друг договор, но тоа би било крајно несериозно, би биле неопходни низа законски решенија, а последиците ќе ги чувствува нашата земја, велат експертите со кои се консултиравме. Според нив, преземените права и обврски мора да се …

Договорот со Грција е запечатен и при нова власт Read More »

Референдум на 9 или на 16 септември?


Кон средината на јули, според информациите, се планира парламентот да го распише референдумот на кој македонските граѓани, најверојатно, ќе треба да изберат дали се за промена на името со цел членство на Македонија во ЕУ и во НАТО. Во таа насока, всушност, се очекува да биде референдумското прашање, а проценките се дека исходот од престојаните …

Референдум на 9 или на 16 септември? Read More »

Грција и Албанија пред договор за морската граница,но не и за прашањето за Чамите


Шефовите на албанската и на грчката дипломатија, Дитмир Бушати и Никос Коѕијас  се  пред усогласување на  конечниот текст на договорот за надминување на отворените прашања меѓу двете земји. Според албанските медиуми, Бушати и Коѕијас,тоа ќе го направат  на островот Родос, на маргините на одржувањето на Конференцијата за регионална безбедност и стабилност. -Во текстот на договорот,како …

Грција и Албанија пред договор за морската граница,но не и за прашањето за Чамите Read More »

Протести против промена на името пред Собранието и резиденцијата на Иванов


Со патриотски песни, знамиња и пораки против промената на името и вечерва се одржа протест пред Собрание на Република Македонија. Демонстрантите потоа се упатија кон резиденцијата на претседателот Ѓорге Иванов, за да му дадат поддршка. – Нема компромис. Едно име имаме. Македонија, извикуваа демонстрантите пред резиденцијата на Иванов. Тие го повикаа претседателот Ѓорге Иванов да …

Протести против промена на името пред Собранието и резиденцијата на Иванов Read More »

МНР испрати нота до Грција дека договорот е ратификуван


Нотата што треба да ѝ го отвори патот на Македонија за преговори со ЕУ и за добивање покана за членство во НАТО – на самитот во јули, е испратена до Грција. Македонското Министерство за надворешни работи соопшти предмалку дека грчката влада е известена дека парламентот го ратификувал договорот за името. Како што е предвидено и …

МНР испрати нота до Грција дека договорот е ратификуван Read More »

Опозицијата бојкотира, договорот си врви: По ратификацијата – забрзување на евроинтеграцијата


До крајот на оваа седмица се очекува грчката влада да го испрати известувањето до ЕУ и до НАТО дека дава поддршка за нашата земја да почне преговори со ЕУ и да добие покана за членство во НАТО. Претходно, македонската влада треба да испрати писмо до Атина со кое ќе извести дека македонскиот парламент го ратификувал …

Опозицијата бојкотира, договорот си врви: По ратификацијата – забрзување на евроинтеграцијата Read More »

Средба Мицкоски – Олумчев


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари неформална средба со претседателот на Здружението „Семакедонски национален совет Македониум“ Страшо Олумчев, информираа од опозицијата. Претседателот Мицкоски ги соопшти ставовите за името на ВМРО-ДПМНЕ и ставовите во однос на актуелните случувања околу капитуланскиот договор на Зоран Заев. Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е против таквиот договор со кој се предвидува …

Средба Мицкоски – Олумчев Read More »

Заев: Со Договорот со Грција е затворено и последното прашање на патот кон ЕУ и НАТО


По Договорот со Бугарија, постигнат е достоинствен договор и со Грција, со што е затворено и последното прашање кое стои на патот на Македонија во евроатлантските аспирации, рече денеска премиерот Зоран Заев на средбата со делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за постмониторинг дијалог со Република Македонија, предводена од ко-известителите Лиза Кристоферсен и Валериу …

Заев: Со Договорот со Грција е затворено и последното прашање на патот кон ЕУ и НАТО Read More »

Собранието утре ќе го ратификува договорот со Грција


Собранието на Република Македонија ќе го ратификува договорот со Грција на утрешното продолжение на 51. седница, потврдија за МИА пратеници од владејачкото мнозинство. Предлог-законот за ратификација на договорот, денеска во 15 часот треба да биде разгледан во Комисијата за европски прашања, а петнаесет минути подоцна треба да биде одржана седница и на Законодавно-правната комисија. Првичните најави беа дека …

Собранието утре ќе го ратификува договорот со Грција Read More »

Милошоски: Се изигрува процедурата за ратификација на договорот


Во Европа не постои парламент каде што се прескокнува Комисијата за надворешна политика за да се ратификува билатереален или меѓународен договор, реагира пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, откако од владата соопштија дека договорот за името со Грција е пуштен во Собранието со европско знаменце. Милошоски претседава со собраниската Комисија за надворешна политика, низ која требаше …

Милошоски: Се изигрува процедурата за ратификација на договорот Read More »

Договорот за името со европско знаме, ќе се разгледува кај Груби наместо кај Милошоски


Договорот за името ќе оди на ратификација во парламентот со европско знаменце, што значи дека ќе има одредени ограничувања на времетраењето на дискусијата., соопштија за „Независен весник“ владини извори. Бидејќи договорот е означен како битен за интегрирањето во ЕУ, наместо преку Комисијата за надворешна политика, со која претседава Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, ќе се разгледува …

Договорот за името со европско знаме, ќе се разгледува кај Груби наместо кај Милошоски Read More »

Почнува спроведувањето на Договорот со Грција


По вчерашното потпишување на Договорот меѓу Македонија и Грција за ставање крај на 27-годишниот спор за името, од денеска почнуваат чекорите за негова импелемнтација. Македонската Влада се очекува денеска на седница да го усвои законот за ратификација на Договорот, по што треба да биде испратен во Собранието, каде треба да биде ратификуван. Откако ќе биде доставен …

Почнува спроведувањето на Договорот со Грција Read More »

Трка со рокови пред европскиот самит: Ратификацијата – следна „станица“ за преспанскиот документ


Почнува трка со рокови за ратификација на договорот што вчера го потпишаа министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција. Целта е овој дел од имплементацијата на договорот да заврши што поскоро – пред самитот на Европскиот совет во Брисел, на 28 и 29 јуни, каде што Македонија очекува да добие зелено светло за …

Трка со рокови пред европскиот самит: Ратификацијата – следна „станица“ за преспанскиот документ Read More »