Ратификувано учеството на ДЕСФА во акционерската шема на Гастрејд


Учеството на Националниот оператор на системот за природен гас ДЕСФА (DESFA SA) во акционерската структура на Гастрејд (Gastrade SA) – компанијата што ја развива пловечката единица за складирање и регасификација (Floating Storage and Regasification Unit, FSRU) на течен природен гас (LNG) во Александрополис – со стекнување на 20 отсто на нејзиниот акционерски капитал од страна …

Ратификувано учеството на ДЕСФА во акционерската шема на Гастрејд Read More »

„Северен тек 2“ би можел да добие лиценца за работа кон средина на годината


Гасоводот „Северен тек 2“, што транспортира руски гас во Германија, би можел да добие германска лиценца за работа кон средината на годината, изјави Клаус-Дитер Мајбах, извршен директор на германскиот косопственик на проектот, компанијата „Унипер“. Гасоводот, изграден од концернот предводен од руски „Гаспром“, беше завршен во септември минатата година и се чека конечна дозвола од германскиот …

„Северен тек 2“ би можел да добие лиценца за работа кон средина на годината Read More »

Со заем од ЕИБ ќе се реализира гасоводот од грчката граница до Неготино


Европската инвестициска банка (ЕИБ) обезбеди заем од 28,9 милиони евра за изградба на делницата во земјава на гасниот интерконектор со Грција. Заемот од ЕИБ е надополнување на грантот од 12,4 милиони евра од Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) за техничка помош и имплементација на проектот. Договорот за заемот за реализација на делницата долга 68 …

Со заем од ЕИБ ќе се реализира гасоводот од грчката граница до Неготино Read More »

Бесими: Обезбедена финансиската рамка за гасоводот кон Грција


Обезбeдени се средства за реализација на проектот за изградба на интерконективен гасовод меѓу Република Северна Македонија и Грција, информира министерот за финансии Фатмир Бесими по потпишувањето на Договорот за гаранција со потпретседателката на Европската инвестициска банка, Лилјана Павлова. Воедно се потпиша и финансискиот договор меѓу Национални енергетски ресурси (НЕР) и ЕИБ. Вкупната инвестициска вредност на …

Бесими: Обезбедена финансиската рамка за гасоводот кон Грција Read More »

Експлозија на гасовод во Иран, најмалку петмина мртви


Во експлозија на гасовод во југозападен Иран загинаа најмалку пет лица, а шестмина се повредени, но се стравува дека бројот на жртви ќе расте. Експлозијата го оштети гасоводот меѓу градовите Ахваз и Махшахр, во близина на Персискиот залив, а за сега нема информации што ја предизвикало експлозијата. Шефот на пожарната служба во Ахваз, Али Торабпур, …

Експлозија на гасовод во Иран, најмалку петмина мртви Read More »

Водно се копа без мерки за заштита од ерозија


Изградбата на гасоводот на Водно продолжува без да се води сметка за безбедноста на работниците, обвинува граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“. Оттаму реагираат дека багерите во моментов се наоѓаат на работ на бездна, длабока и над 160 метри, во правец кон селото Шишево, а не се применуваат никакви мерки за заштита од ерозија. Заштитата од …

Водно се копа без мерки за заштита од ерозија Read More »

Шилегов: Гасоводот е како бременост што не може да се прекине


Еколошките здруженија и институциите се сретнаа уште еднаш на дебата за трасата на гасоводот низ Водно и повторно излегоа убедени, секој во своите ставови. Договорија нова, трета по ред средба, но овој пат во организација и под услови на невладините организации. На втората дебата, која се одржа на Средно Водно, се соочија „Го сакам Водно“ …

Шилегов: Гасоводот е како бременост што не може да се прекине Read More »

Гасоводот низ Водно за експертите на вистинско место, за граѓаните одземање на белите дробови на Скопје


Изградбата на магистралниот гасовод од Скопје кон Гостивар со крак кон Тетово низ Водно предизвика широки полемики во јавноста. Експертите и Владата сметаат дека се гради токму таму каде што треба, а невладините организации, пак, порачуваат дека со изградбата на гасоводот низ Парк шумата Водно се одземаат белите дробови на градот. По сугестиите на невладините …

Гасоводот низ Водно за експертите на вистинско место, за граѓаните одземање на белите дробови на Скопје Read More »

Кој нè стави пред свршен чин за гасоводот?


На Водно деновиве багерите мируваат, но тоа не значи дека темата го изгуби вниманието на јавноста. Екологистите, но и граѓаните и понатаму будно го следат секој чекор што се презема на сртот на планината. Изградбата на делницата на магистралниот гасовод за Западна Македонија е запрена, но тоа ни малку не го намалува стравот колкава ќе …

Кој нè стави пред свршен чин за гасоводот? Read More »

Екологистите и институциите вкрстија аргументи за Водно


Само 1,7 хектар шума од 2.500 хектари, колку што има на Водно, ќе се исечат за да се изгради магистралната делница на гасоводот кон Западна Македонија. Ова, според директорот на МЕР, Бајрам Реџепи, е многу малку за да се смета дека со проектот се уништува планината. За екологистите, пак, секој зафат во заштитеното подрачје е …

Екологистите и институциите вкрстија аргументи за Водно Read More »

Гасовод да има, но не низ Водно


Екологистите не прифаќаат гасоводот да поминува низ Водно. Коалицијата „Го сакам Водно“ е против и скратување и изменување на трасата и инсистираат Владата да понуди алтернативен пат за делницата 5 која треба со гас да ја снабдува Северозападна Македонија. „Кажуваме силно да за гасовод, но не низ Водно. Владата вчера најави почнување на градежните работи …

Гасовод да има, но не низ Водно Read More »

Водно ќе се брани со жив штит


Граѓаните ќе го бранат Водно со жив ѕид. Еколошките здруженија вчера споделија апел на социјалните мрежи со кој бараат волонтери кои ќе ја чуваат планината од багерите. Незадоволни од одлуката на Владата трасата на магистралниот гасовод кон Гостивар да поминува по сртот на Водно, екологистите најавуваат порадикални мерки за одбрана на заштитената парк-шума. „Да го …

Водно ќе се брани со жив штит Read More »

Тргнете ги багерите од Водно


Да се тргнат багерите од Водно, додека не се донесе издржано и заеднички прифатливо решение за трасата на магистралниот гасовод кон Гостивар, побараа вчера екологистите од Владата. Тие алармираа дека градежните машини деновиве повторно сечат дрвја на сртот, каде што биле узурпирани околу 200 метри шума. Побараа целосно да се дислоцираат бидејќи се сомневаат дека …

Тргнете ги багерите од Водно Read More »

Гасоводот останува на Водно, екологистите изненадени


Гасоводната делница Скопје – Тетово – Гостивар ќе поминува на Водно, одлучила Владата. Според директорот на Македонски енергетски ресурси (МЕР), Бајрам Реџепи, гасоводот ќе се гради по спорната рута во заштитеното подрачје, но со мали измени на самиот врв на Водно каде што има високостеблеста шума и намалување на ширината на работниот појас од 25 …

Гасоводот останува на Водно, екологистите изненадени Read More »

Водно не е само шума


Магистралниот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар и кракот кон Косово, по сѐ изгледа, дефинитивно ќе се „вдоми“ во парк-шумата Водно. Иако, засега, Владата не соопштува кое е конечното решение на работната група составена од претставници на МЕР, Министерството за транспорт и врски, Градот Скопје и граѓанските организации, сите изјави што ги слушнавме деновиве одат во таа насока. Владата …

Водно не е само шума Read More »

Гасовод по сртот на Водно – се подготвува уште еден удар за планината над Скопје


До 25 хектари шума може да се уништат ако се гради планираниот гасовод низ парк-шумата Водно и тоа по сртот на планината. Трасата на овој гасовод, кој треба да го заобиколи Скопје, започнува под Сончев град, се движи по сртот на Водно, под Милениумскиот крст, преку Матка до селото Шишево, делумно по пошумен, делумно по …

Гасовод по сртот на Водно – се подготвува уште еден удар за планината над Скопје Read More »

Сугарески: До секоја општина ќе има гасовод


Планираме магистралните гасоводи комплетно да бидат завршени на почетокот на 2020 година. Тоа значи дека до секоја општина ќе има магистрален гасовод, а секундарната гасификација треба да ја направат општините, вели министерот за транспорт и врски Горан Сугарески во неделното интервју на Радио Слободна Европа. – Би сакал да зборувам за периодот од 1 јуни …

Сугарески: До секоја општина ќе има гасовод Read More »

Македонија годинава ќе добие нови 80 километри гасовод


Во Македонија годинава ќе бидат изградени 80 километри гасовод што е најмногу досега, а за тоа веќе се обезбедени околу 40 милини евра во Буџетот. Како што истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески по денешната работна средба со директорот на Македонски енергетски ресурси (МЕР) Благојче Котевски, гасификацијата е еден од врвните приоритети на …

Македонија годинава ќе добие нови 80 километри гасовод Read More »

Анѓушев: Со приклучување кон ТАБ се обезбедува конкурентност и сигурност во снабдувањето со гас


Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев смета дека Македонија треба да се приклучи на гасоводот ТАБ и со тоа да обезбеди снабдување од повеќе извори и конкурентни цени. – Македонија има интерес да се приклучи на ТАБ и да направи алтернатива во снабдувањето со гас, односно да се приклучи на алтернативни извори на гас кои …

Анѓушев: Со приклучување кон ТАБ се обезбедува конкурентност и сигурност во снабдувањето со гас Read More »

Државата ќе го купува уделот на „Макпетрол“ во ГА-МА


Државата ќе го купува уделот што го има компанијата „Макпетрол“ во гасоводот ГА-МА. Ова е решението за долгогодишниот спор што државата го има со „Макпетрол“ за сопствеништвото на единствениот гасовод што го има земјава. Новиот закон за енергетика предвидува сопственик или косопственик на преносниот гасоводен систем да не смее и да не може да биде …

Државата ќе го купува уделот на „Макпетрол“ во ГА-МА Read More »