Вучиќ во посета на Кина


Српскиот претседател Александар Вучиќ од денеска, па до 19 септември претсојува во посета на Кина, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопштија од неговиот кабинет, Вучиќ ќе има одделни средби со претседателот на Кина, Си Џинпинг и со кинескиот премиер Ли Кечијанг. За време на посетата се планира да бидат потпишани серија билатерални …

Вучиќ во посета на Кина Read More »

Вучиќ: Не сме блиску до решение за Косово и не сум оптимист


Српскиот претседател Александар Вучиќ во својот говор во Косовска Митровица пред косовските Срби изјави дека Србија нема никакво предлог-решение во Брисел и дека е далеку од постигнување на било какво решение. Тој додаде дека мора да се бара решение и не е оптимист по тоа прашање. Својот говор го започна со извинување бидејќи поради „блокадите …

Вучиќ: Не сме блиску до решение за Косово и не сум оптимист Read More »

Вучиќ пристигна во Косово


Српскиот претседател Александар Вучиќ попладнево пристигна преку преминот Брњак во општината Зубин Поток што е негова прва дестинација од дводневната посета на Косово, јави Танјуг. Вучиќ ќе го посети Зубин Поток и потоа и хидроелектраната Газивода. Подоцна ќе замине во посета на Лешк, Лепосавиќ и разговори со политички претставници на Србите во Косово во Звечан. …

Вучиќ пристигна во Косово Read More »

Странски разузнавачки служби ангажирани за безбедноста на Вучиќ за време на посетата на Косово


Србија  – Оперативна група  на британската разузнавачка служба МИ6 завчера од Македонија е префрлена на Косово и тоа поради најавената посета на српскиот претседател Александар Вучиќ. Тоа го тврди српскиот весник „Новости“ повикувајќи се на извори од разузнавачките служби. Според весникот, посетата на Вучиќ е високоризична и за неа, политички и безбедносно, се заинтересирани разни структури …

Странски разузнавачки служби ангажирани за безбедноста на Вучиќ за време на посетата на Косово Read More »

Србија прави анализи за враќање на задолжителниот воен рок


Министерството за одбрана по наредба на претседателот на Република Србија и врховен командант на војската на Србија Александар Вучиќ почна со изработка на студија за сите модалитети и можности за враќање на задолжителниот воен рок. Во изјава за Н1, претставник на српското МО потсети дека воениот рок во земјата никогаш не е укинат, туку со …

Србија прави анализи за враќање на задолжителниот воен рок Read More »

Амбасада на САД во Приштина: Косово и Србија немаат неограничена слобода во преговорите


Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Приштина вели дека постигнувањето договор меѓу Косово и Србија е во рацете на овие две држави, но им порача на преговарачите дека „не можат да имаат неограничена слобода на дејствување“, јави дописникот на МИА од Приштина. Во одговорот на прашањето на „Газета Експрес“ за најавите на некои од …

Амбасада на САД во Приштина: Косово и Србија немаат неограничена слобода во преговорите Read More »

Вучиќ: Потребно е решение за Косово што побргу, не постои лесно решение


Српскиот претседател Александар Вучиќ на вонредната конференција за новинарите изјави дека на Србија и е потребно решение за Косово што побргу, како и да не постои лесно, едноставно и безболно решение за овој проблем. – Јас такво решение никогаш не сум ветил, нити такво решение постои, освен за несериозните и недговорните луѓе, изјави Вучиќ. Тој …

Вучиќ: Потребно е решение за Косово што побргу, не постои лесно решение Read More »

Вучиќ: Не се мешаме во прашањето за името, поддржуваме секој договор меѓу Скопје и Атина


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија го поддржува секој договор меѓу Скопје и Атина. Меѓутоа, како што рече, Србија мора да ги „почитува ставовите на македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов и на премиерот Зоран Заев“. Одговарајќи на новинарско прашање после воено-полицијската вежба „Заеднички удар 2018″ во Краљево, за ставот на Србија во врска со …

Вучиќ: Не се мешаме во прашањето за името, поддржуваме секој договор меѓу Скопје и Атина Read More »

Вучиќ: Спорот за името на Македонија и проблемот со Косово не се исто


Решавањето на спорот за името на една држава, каков што е случајот со Македонија, не може да се спореди со проблемот со Косово, изјави денеска во Крушевац српскиот претседател Александар Вучиќ. Одговарајќи на новинарско прашање за неговиот став околу решавањето на спорот околу името на Македонија и дали поради тоа очекува притисок врз Белград во …

Вучиќ: Спорот за името на Македонија и проблемот со Косово не се исто Read More »

Вучиќ: Не добив план за Косово, но има некои индикации


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Софија изјави дека добил „индикации, начела и принципи“ за решавање на Косово, во кои постојат „пристојни работи”, но и решенија со кои тој не се согласува. Тој нагалси дека Србија бара компромисно решение што ќе ги почитува не само интересите на Србите од Косово, туку и интересите на Србија, …

Вучиќ: Не добив план за Косово, но има некои индикации Read More »

Путин ги повика Вучиќ и Додик, ама не и Иванов


Меѓу петте илјади гости, кои в понеделник ќе присуствуваат во Москва на инаугурацијата на старо-новиот руски претседател Владимир Путин, ќе нема претставник од Македонија. Руската администрација не им испрати покана ниту на претседателот Ѓорѓе Иванов, ниту на премиерот Зоран Заев, ниту на кој било друг функционер од Владата. Според искуствата од претходните инаугурации на Путин, …

Путин ги повика Вучиќ и Додик, ама не и Иванов Read More »

Вучиќ: Ќе гледаме да ги подобриме односите со Хрватска


Има надеж за подобрување на односите со Хрватска и ќе гледаме барем нешто да сториме, иако не мислам дека сме виновни за што било, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ, пренесува Танјуг. Според него, државата мора да го штити своето достоинство, но, како што рече одговарајќи на новинарско прашање, „се стана малку бесмислено“. – Можеби …

Вучиќ: Ќе гледаме да ги подобриме односите со Хрватска Read More »

Вучиќ: Наскоро следат најважните разговори за Косово


Од 10 до 20 април во Европа и во светот ќе ги водам „некои од најважните разговори за прашањето на Косово“, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој на прес-конференција по средбата со претседателот на Република Српска, Милорад Додик во Белград нагласи дека не може јавно да зборува за овие разговори, додавајќи дека од нив …

Вучиќ: Наскоро следат најважните разговори за Косово Read More »

Јеремиќ: Вучиќ нудеше размена на територии


Вук Јеремиќ на седница на неговата Народна партија изјави дека Александар Вучиќ нудел размена на територии, но бил одбиен од меѓународната заедница, која не му „понудила“ ништо друго освен да потпише правно обврзувачки договор со кој Косово би се внело во Обединети нации. Тој ги отфрли критиките упатени од српскиот претседател дека „клучните грешки за …

Јеремиќ: Вучиќ нудеше размена на територии Read More »

Могерини попладнево на средба во Белград со Вучиќ


Шефот на дипломатијата на Европската унија Федерика Могерини попладнево ќе пристигне во Белград на разговори со српскиот претседател, само ден по бруталните сцени во Косовска Митровица и Приштина и апсењето на директорот на владината Канцеларија за КиМ, Марко Ѓуриќ. Тоа го потврди Маја Коцијанчиќ, портпарол на ЕК. Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска ќе се …

Могерини попладнево на средба во Белград со Вучиќ Read More »

Могерини: Им се јавив на Вучиќ и Тачи, потребно е смирување на ситуацијата


Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини, вечерва соопшти дека разговарала телефонски со српскиот претседател Александар Вучиќ и со косовскиот претседател Хашим Тачи, и дека го осудува тоа што се случи во Косово. – Им се јавив на Вучиќ и Тачи. Го осудувам тоа што денеска се случи на Косово. …

Могерини: Им се јавив на Вучиќ и Тачи, потребно е смирување на ситуацијата Read More »

Тензично во Косовска Митровица, Вучиќ итно го свика Советот за безбедност


Претседателот на Србија Александар Вучиќ свика за вечерва во 19.30 часот седница на Советот за национална безбедност, јави Танјуг откако попладнево во Косовска Митровица беша приведен директорот на српската Канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ. Tанјуг јави дека полицијата го однела Ѓуриќ во Приштина. Заедно со Ѓуриќ уапсен е и неговиот соработник Жељко Јовиќ кој е повреден …

Тензично во Косовска Митровица, Вучиќ итно го свика Советот за безбедност Read More »

Вучиќ закажа итна седница на српскиот Совет за национална безбедност


Претседателот на Србија Александар Вучиќ за утре закажа итна седница на српскиот Совет за национална безбедност без да ја наведе причината и темата на заседанието, но како што тврдат белградските медиуми, една од темите ќе биде косовското прашање. Вучиќ денеска имаше средба со австрискиот амбасадор во Србија, Николаус Лутероти, кого. како што соопшти неговиот кабинет, …

Вучиќ закажа итна седница на српскиот Совет за национална безбедност Read More »

Тачи нареди почеток на работата за формирање на ЗСО


Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска наложи да почне работата на формирање на Заедница српски општини (ЗСО), соопшти портпаролот на претседателот. Весникот „Коха“ наведува дека одлуката на Тачи доаѓа по неговата петочна средба во Брисел со српскиот претседател Александар Вучиќ и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини. Весникот наведува дека според …

Тачи нареди почеток на работата за формирање на ЗСО Read More »

Вучиќ да го повлече потписот од Бриселскиот договор


Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека ќе му предложи на претседателот на Србија, Александар Вучиќ да ги повлече потписите од Бриселскиот договор. – Јас го потпишав Бриселскиот договор како премиер, јас би го повлекол потписот и би кажал: Не сакате Заедница на српските општини, тогаш не го сакаме ниту ние сето …

Вучиќ да го повлече потписот од Бриселскиот договор Read More »