Раул Гонзалез: Горд сум на моите играчи


Во својот втор настап на Ф4 турнирите во Келн, ракометарите на Вардар ќе играат за бронзениот медал. Противник ќе им биде тимот на ПСЖ. Во полуфиналето Вардар загуби од Монпелје со 27-28 (11-14). Раул Гонзалез, стратегот на Вардар , по поразот од Монпелје истакна дека е горд на своите играчи и покрај неуспехот во полуфиналето …

Раул Гонзалез: Горд сум на моите играчи Read More »

Вардар ја предаде круната


Ракометарите на Вардар нема да ја бранат титулата освоена лани откако попладнево во драматичен меч загубија од Монпеље со 28-27 (14-11). Европските шампиони беа во подредена улога во првиот дел, но во второто полувреме успеаја да се вратат во игра, израмнивме во последната минута, примивме гол на 19 секунди до крајот, а Борозан не успеа …

Вардар ја предаде круната Read More »

Чупиќ: Дојдовме во Келн за пак да бидеме шампиони


Ако лани играше за историја на македонскиот машки ракомет како прва екипа што успеала до престижниот трофеј во Лигата на шампиони, оваа година ќе игра за историја на елитното натпреварување на Европската федерација како прва екипа што успеала да го одбрани тронот. Вардар утре попладне (сабота, 18 часот) ќе игра против Монпелје во второто полуфинале …

Чупиќ: Дојдовме во Келн за пак да бидеме шампиони Read More »

Вардар стигна до 13. титула во Купот на Македонија


Ракометарите на Вардар се победници на Купот на Македонија, откако попладнево во финалето во Битола го совладаа Металург со 30:26. Вардар е првиот и единствен тим со пет триумфи по ред во националниот куп. Воедно „црвено-црните“ ја освоија четвртата двојна круна по ред и вкупно 13-та во Купот. Двата натпревари од Купот на Македонија беа …

Вардар стигна до 13. титула во Купот на Македонија Read More »

Металург-Вардар во финалето на Купот на Македонија


Металург се пласираше во финалето на Купот на Македонија, откако го совлада Еурофарм Работник со 21: 28 во вториот полуфинален натпревар на завршниот турнир, кој се игра во салата „Младост“ во Битола. Гостите од Скопје уште во седмата минута имаа водство од 3:6 и без поголеми проблеми ја одржуваа предноста. Металург на паузата замина со предност од 11:15. Иако Еурофарм Работник …

Металург-Вардар во финалето на Купот на Македонија Read More »

Вардар прв финалист во Купот на Македонија


Вардар рутински го совлада Пелистер со 27:46 во првиот полуфинален натпревар од Купот на Македонија. На завршниот турнир, кој се игра во салата „Младост“ во Битола, Пелистер не го искористи домашниот терен и претрпе огромен пораз од 19 поени разлика. Домаќините во првите неколку минути пружија посериозен отпор и имаа дури водство од два гола, но Вардар очекувано и без проблеми воспостави контрола на теренот и на паузата замина …

Вардар прв финалист во Купот на Македонија Read More »

Вардар е повторно првак на Македонија


Ракометарите на Вардар ја одбранија титулата во македонското првенство на едно коло до крајот на плејофот, откако со 38:25 го совладаа Пролет. За „црвено-црните“ ова е четврта титула во низа или вкупно 12-тата титула првак на Македонија. Сезонава Вардар рутински стигна до титулата во домашното првенство, без при тоа да има сериозна конкуренција. За разлика …

Вардар е повторно првак на Македонија Read More »

Вардар остана без трофеј, Ѓер ја одбрани титулата


Ракометарките на Вардар беа поразени со минимални 27:26 од актуелниот европски првак Ѓер во финалето на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите. Исто како лани по продолженијата Ѓер ја одбрани титулата, а вардарки останаа без посакуваниот европски трофеј. Во почетокот Ѓер ја искористи предноста на домашниот терен и во поголемиот дел од првото полувреме наметна …

Вардар остана без трофеј, Ѓер ја одбрани титулата Read More »

Пелистер во Скопје го порази Вардар и го напушти дното на табелата


Пелистер го порази Вардар во Скопје со резултат 2:3 во рамките на 34 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Вардар поведе со голот на Тигран Барсегјан во осмата минута, а Иве Трифуновски успешно реализираше пенал во 13 минута за израмнување од 1:1. Дејан Блажевски во 60 минута од пенал повторно му донесе предност на …

Пелистер во Скопје го порази Вардар и го напушти дното на табелата Read More »

Најдобрите тимови од женската ракометна лига на шампиони


ЖРК Вардар (Македонија) Македонскиот женски ракометен првак е формиран во 1961 година. Негов дом е СЦ „Јане Сандански“ арена со капацитет од 7.500 седишта. До престанување со работа на Кометал Ѓорче Петров, ЖРК Вардар беше единствен тим со шампионски трофеј во домашното првенство (1994 година). Ренесансата почна во 2013 година со доаѓањето на Сергеј Самсоненко. …

Најдобрите тимови од женската ракометна лига на шампиони Read More »

Македа и официјално нов член на ПИК Сегед


Бекот на ракометниот клуб Вардар, Хорхе Македа и официјално е претставен како нов играч на ПИК Сегед. Тој во следните две сезони ќе ги брани боите на унгарскиот вицепрвак. По Жоан Кањељас, тој е вториот шпански интернационалец од Вардар кој си заминува на крајот од сезоната. – Постигнавме договор за следните две години со Македа. …

Македа и официјално нов член на ПИК Сегед Read More »

Скопје го совлада Вардар, Шкендија триумфираше против Работнички


Вардар продолжи со лошата серија и на арената „Филип Втори“ беше поразен од ФК Скопје во 32-то коло од Првата лига. Досех Кофи во 45 минута го постигна победничкиот гол за Скопје, а овие три бода одат во прилог на борба на клубот за опстанок во најдобрата македонска лига. Шкендија во Тетово го совлада Работнички …

Скопје го совлада Вардар, Шкендија триумфираше против Работнички Read More »

Вардар против Монпелје, Стоилов: Знаев дека ќе ни паднат Французи


Тимот на Монпелје е противник на Вардар во полуфиналето од ракометната Лига на шампиони. Во вториот меч ќе играат Нант и ПСЖ. Ова е епилогот од ждрепката што денеска напладне се одржа во Келн, каде ќе се игра Фајнлфорот на 26 и 27 мај. Нашиот тим ја брани титулата освоена лани. На патот кон финалето, …

Вардар против Монпелје, Стоилов: Знаев дека ќе ни паднат Французи Read More »

Во пресрет на утрешната ждрепка: Вардар во француски котел


Вардар е во исчекување на утрешната ждрепка за полуфиналето во ракометната Лига на шампиони. Ако „црвено-црните“ се први европски шампиони во последните четири кои ќе имаат можност за одбрана на тронот, тогаш претстојниот Фајналфор во „Ланксес арена“ во Келн ќе биде прв турнир со три екипи од иста земја. Во случајот Франција ќе биде претставена …

Во пресрет на утрешната ждрепка: Вардар во француски котел Read More »

Жрепката за Ф4 турнирот в среда во Келн


Жрепката за годинашниот Ф4 турнир во Лигата на шампионите ќе се одржи во среда (2 мај) во Келн, а Вардар, кој е бранител на титулата, во полуфиналето ќе се соочи со една од трите француски екипи ПСЖ, Нант или Монпеље. Полуфиналните двојки ќе бидат одредени со жрепката од еден барабан, а тимовите ќе играат според …

Жрепката за Ф4 турнирот в среда во Келн Read More »

Кил победи во Скопје, но Вардар оди на фајналфор во Келн


Македонскиот првак Вардар втора година по ред ќе игра на завршниот турнир во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ денеска во реванш четвртфиналето загубија од Кил со 28:27, но благодарение на победата на гостински терен со 29:28 и повеќе постигнати голови на гости обезбедија Ф4 во елитното натпреварување во кое го бранат трофејот. Гостите најавија тежок натпревар …

Кил победи во Скопје, но Вардар оди на фајналфор во Келн Read More »

Вардар преку Кил ќе се обиде да стигне до Келн


Бранителот на трофејот во Лигата на шампионите за ракометари, тимот на Вардар попладнево го очекува реваншот од четвртфиналето со германски Кил. „Црвено-црните“ имаат гол предност од првиот дуел и се во добра позиција, втор пат по ред да патуваат на Ф4 завршниот турнир во Келн. Сепак, во таборот на Вардар се свесни дека ништо не …

Вардар преку Кил ќе се обиде да стигне до Келн Read More »

И Барбара Лазовиќ се сели од Вардар во Букурешт


Ракометарката на ЖРК Вардар, Барбара Лазовиќ, заминува од македонскиот клуб и кариерата ќе ја продолжи во Романија каде ќе го носи дресот на ЧСМ Букурешт. Словенечката ракометарка потпиша едногодишен договор со романскиот клуб. – По четири години во Вардар се радувам што ќе се приклучам на ЧСМ Букурешт. Секоја промена е тешка, но верувам дека ја донесов вистинската одлука. ЧСМ …

И Барбара Лазовиќ се сели од Вардар во Букурешт Read More »

Вардарки совладани од Крим во регионалната ВРХЛ лига


Ракометарките на Вардар беа совладани од Крим сo 29:34 во последниот натпревар од регионалната женска ракометна ВРХЛ лига. Екипата на Вардар веќе ја одбрани титулата, а денешниот натпревар и вчерашната победа против Будуќност на последниот турнир од регионалното натпреварување во Подгорица беа само формалност. По осумте победи и само едно реми, ова е прв пораз …

Вардарки совладани од Крим во регионалната ВРХЛ лига Read More »

Работнички го совлада Вардар, Шкендија ремизираше со Академија Пандев


Работнички со 1:0 го совлада Вардар во 30. коло од Првата фудбалска лига. Стрелец на единствениот погодок беше Виктор Ангелов, кој во 56. минута постигна прекрасен гол и му донесе победа и три бода на Работнички. Академија Пандев и Шкендија одиграа без победник 2:2 во Турново. Стенио Жуниор и Бесарт Ибраими и донесоа водство на …

Работнички го совлада Вардар, Шкендија ремизираше со Академија Пандев Read More »