И Барбара Лазовиќ се сели од Вардар во Букурешт


Ракометарката на ЖРК Вардар, Барбара Лазовиќ, заминува од македонскиот клуб и кариерата ќе ја продолжи во Романија каде ќе го носи дресот на ЧСМ Букурешт.

Словенечката ракометарка потпиша едногодишен договор со романскиот клуб.

– По четири години во Вардар се радувам што ќе се приклучам на ЧСМ Букурешт. Секоја промена е тешка, но верувам дека ја донесов вистинската одлука. ЧСМ е клуб со големи амбиции и беше мој прв избор, истакна 30-годишната ракометарка.

Лазовиќ е четвртата ракометарка на Вардар која следната сезона ќе го носи дресот на романскиот шампион, откако претходно договори потпишаа Андреа Лекиќ, Јованка Радичевиќ и Драгана Цвијиќ.

ЧСМ Букурешт ја обезбеди четвртата титула во низа во Романија и ќе биде дел од фајнл-фор завршницата во Будимпешта.