Поп и фолк за дочекот на Новата 2022 во Скопје


Три општествено одговорни компании, се одважија во време на економска и енергетска криза, да придонесат за организацијата за свечениот дочек на Новата Година. Со настап на домашни музички изведувачи, скопјани на плоштадот „Македонија“ ќе ја дочекаат Новата 2022 година, објави Град Скопје.  Програма на 31.12.2021 година:   21:00-22:00 – Пука Козметика 22:10-23:10 – ДНК 23:20-00:20 …

Поп и фолк за дочекот на Новата 2022 во Скопје Read More »

ВМРО-ДПМНЕ предлага повторно да се менуваат имињата на улиците и плоштадите во Скопје


На предлог на советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска, Советот на Град Скопје на денешната трета седница со 24 гласа „за“ и 19 „против“ на дневниот ред ја додаде и точката за „Одлука за поништување на одлука за определување и промена на имиња на улици, мостови и плоштади на подрачјето на Град Скопје“. – …

ВМРО-ДПМНЕ предлага повторно да се менуваат имињата на улиците и плоштадите во Скопје Read More »

Арсовска бара помош од централната власт за загадувањето во Скопје


  Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на денешниот брифинг со новинарите дискутираше за препораките и мерките кои ги реализира Градот Скопје во насока на намалување на загадениот воздух. Таа потенцираше дека сите институции, на централно и на локално ниво, треба да реализираат мерки кои се во нивна надлежност со цел истите да имаат вистински …

Арсовска бара помош од централната власт за загадувањето во Скопје Read More »

Концентрациите на ПМ10 честички во Скопје и Струмица паднаа под прагот на алармирање


Средните дневните концентрации на ПМ10 честички во воздухот во текот на вчерашниот ден беа под дефинираниот праг на алармирање од 150 микрограми на кубен метар на мерните места во Скопје – Центар, Гази Баба, Лисиче и Ректорати, како и во Струмица, покажуваат податоците на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздухот (ДАМСКВ). Со ова, …

Концентрациите на ПМ10 честички во Скопје и Струмица паднаа под прагот на алармирање Read More »

Два последователни дена има надминати вредности на загадување, Владата и Градот треба да препорачаат мерки


Министерството за животна средина и просторно планирање денеска звести дека воздухот во повеќе делови од Скопје и во Струмица бил загаден над дозволеното два дена по ред. На ред се Владата и Град Скопје кои треба да донесат мерки за заштита на граѓаните од штетното влијание на загадениот воздух.  Согласно Уредба за изменување и дополнување …

Два последователни дена има надминати вредности на загадување, Владата и Градот треба да препорачаат мерки Read More »

Шилегов се жали на загадениот воздух – и денеска не е поарно


Доскорешниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов, на Фејсбук се пожали на загадениот воздух во главниот град, објавувајќи висок резултат на една од мерните апликации по полноќ. Шилегов го објави резултатот на една од мерните станици што покажуваше енормно зголемување на загадениот воздух во Скопје  и напиша „Go green…“. Скопје синоќа се вбројуваше во првите …

Шилегов се жали на загадениот воздух – и денеска не е поарно Read More »

Дел од центарот на Скопје утре без струја, семафорите пак нема да работат


Корисниците од „Кеј 13 Ноември“, делот кај паркингот „Холидеј Ин“, потегот околу „Кеј 13 Ноември“, булеварот „Кочо Рацин“ и улицата „Мирче Ацев“, дел од улицата „Мирче Ацев“ и семафорите на крстосницата кај „Веро Џамбо“ во Општина Центар, утре од  8 до 12 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Како што информира Регионалниот центар …

Дел од центарот на Скопје утре без струја, семафорите пак нема да работат Read More »

Гостиварец се шетал со 5 кг хероин вреден 200.000 евра во Скопје


Синоќа, (24.12.2021) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи на ул. „Босна и Херцеговина“ во Скопје го приведоа А.О. (37) од Гостивар. Кај него се пронајдени околу пет килограми хероин во вредност од околу 200.000 евра, кои ги носел во ранец. При преглед на …

Гостиварец се шетал со 5 кг хероин вреден 200.000 евра во Скопје Read More »

Запленет автобус со фалсификат документација кој се движел од Скопје кон Истанбул


Автобус за превоз на патници е запленет, откако бил фатен како со фалсификувана документација се движи од Скопје кон Истанбул. Настанот се случил попладнево, околу 17 часот. Полицајците се сомневаат дека е направен фалсификат по регистрација и број на шасија. „Исто така поради сомнение дека возачот нема лиценца за меѓународен транспорт известени се надлежните инспектори …

Запленет автобус со фалсификат документација кој се движел од Скопје кон Истанбул Read More »

Исчистена дива депонија во Карпош


Градот Скопје интензивно продолжува со чистење на дивите депонии кои беа мапирани на повеќе локации низ градот. Денеска целосно беше исчистена дивата депонија во Карпош на улицата „Марк Твен“. Градот Скопје веќе исчисти повеќе од 120 диви депонии во првите 30 дена од мандатот на градоначалничката Данела Арсовска. Со чистењето на дивите депонии на подрачјето …

Исчистена дива депонија во Карпош Read More »

Предновогодишно, жално Скопје


Новогодишните празници скопјани може да ги дочекаат и на плоштад, кој конечно денеска почна да се кити. Се постави елката, ланскиот тунел во вид на срце, а накитени се и неколку од главните булевари кои поминуават низ центарот, како „Илинденска“, улицата пред Собранието.  Но, тука сопира украсувањето на главниот град, по повод новогодишните празници. Градоначалничкта …

Предновогодишно, жално Скопје Read More »

Арсовска им вети на пожарникарите соодветно бодување за плата


Пожарникарите од Скопје ќе добивата плата според бодувањето од Колективниот договор, а не од правилникот, беше договорено на денешната средба со градоначалничката Данела Арсовска. – Договорено дека се прифаќа барањето бодувањето наместо од правилникот за утврдување на коефициент на плата, да се трансформира во бодување во колективниот договор, со што ќе бидат заштитени законските права …

Арсовска им вети на пожарникарите соодветно бодување за плата Read More »

Имам елка без лампиони, ќе ја викам Скопје-Твитер реакции за новогодишното (не)украсување


Четрнаесет дена до Нова година, Плоштадот Македонија во Скопје сè уште е без новогодишна елка, а не е поставена ниту една светилка и лампион кои ги симболизираат и најавуваат новогодишните и божиќните празници. Иако градоначалничката Данела Арсовска преку видео обраќање најави дека центарот на градот ќе почне да се украсува од 10 декември, Плоштадот зјае …

Имам елка без лампиони, ќе ја викам Скопје-Твитер реакции за новогодишното (не)украсување Read More »

Онлајн дебата „Нов Генерален урбанистички план за зеленo и хуманo Скопје“


Онлајн дебата со наслов „Нов Генерален урбанистички план за зеленo и хуманo Скопје“, со цел детектирање на проблемите во секојдневното живеење што произлегуваат од планските решенија на постојниот ГУП од 2012 година, како и утврдување на конкретни насоки за изработка на претстојниот ГУП, ќе се одржи денеска во организација на Зелен хуман град. Дебатата, како …

Онлајн дебата „Нов Генерален урбанистички план за зеленo и хуманo Скопје“ Read More »

Охрид го кани Скопје на дочек на Нова година со домашни пејачи


Општина Охрид подготви богата музичка програма за прослава на Новата 2022 година, на која ќе настапат бројни домашни естрадни уметници. Охриѓани и гостите кои новогодишната ноќ ќе ја поминат на плоштадот „Свети Климент Охридски“ ќе може да уживаат во музичките изведби на „Ле-трик“, „Бекдор-Бенд“, „Камелеон“, „Урбан планет“, Ѓоко Танески и Татијана Стефаноска. Специјален музички гостин …

Охрид го кани Скопје на дочек на Нова година со домашни пејачи Read More »

Акција на МВР во Скопје, запленети над 100 килограми марихуана


 Во близина на Скопје, вечерва МВР во голема полициска акција заплени на 100 килограми марихуана. МИА дознава дека освен заплената дрога, во акцијата има и преведени лица. Акцијата се спроведува на влезот на Скопје, од страна на Тетово. Од МВР само потврдуваат дека ваква акција е во тек, а детали најавуваат по нејзиното завршување, во …

Акција на МВР во Скопје, запленети над 100 килограми марихуана Read More »

Ограбена црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје


 Непознати сторители ноќеска ја ограбиле црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје. Во моментот полициски службеници вршат увид. Засега нема инфорамација што е украдено. Министерството за внатрешни работи најави дека по извршениот увид ќе бидат соопштени повеќе детали за грабежот. Кражбата е пријавена утрово околу 6.30 часот. 

(ГАЛЕРИЈА) Концертот на Ерос Рамацоти ќе се памети


Долгоочекуваниот концерт на италијанската поп-ѕвезда Ерос Рамацоти, конечно се реализираше вчера во Скопје. Солидно исполнетата А1 – арена со нетрпение го очекуваше стартот на музичкото патување. Рамацоти го започна својот концерт со водечката нумера од неговиот последен албум „Vita ce ne“, потоа следуваа уште неколку песни од последниот музички материјал како „Per il resto tutto …

(ГАЛЕРИЈА) Концертот на Ерос Рамацоти ќе се памети Read More »

Срѓан Драгојевиќ снимаше филм во Скопје: Сакам да се преселам во Дебар Маало


Српскиот режисер и сценарист Срѓан Драгојевиќ, познат по филмовите „Рани“, „Убавите села убаво горат“, „Парада“, „Ние не сме ангели“… деновиве престојуваше во Скопје каде што го снимаше својот најнов филм со наслов „Од рајот“. Филмот е српско- германско-македонско-хрватско-словенечко-црногорска копродукција зад која застанаа продуцентите „Делириум“ од Србија, во копродукција со „Сектор филм“ од Македонија, „Фикшн ГМБХ“ …

Срѓан Драгојевиќ снимаше филм во Скопје: Сакам да се преселам во Дебар Маало Read More »

„Стоп“ за ноќните мототрки


По зачестените сообраќајни несреќи со мотоцикли во Скопје, полицијата реализираше акција, сакајќи да ги пресретне брзите и диви возачи што сеат страв по улиците. Во петчасовната акција спроведена во ноќта меѓу четвртокот и петокот, откриени се 40 возачи на мотори што го прекршиле законот, против кои се поднесени исто толку платни налози. Покрај тоа, поради …

„Стоп“ за ноќните мототрки Read More »