Пингвини со порака се прошетаа низ Скопје


„Метаморфози и еволуција – Скопјани и топлификација„ е насловот на новата уметничка акција посветена на проблемот со парното греење во Скопје.

Акцијата се состои од група пингвини кои се шетаат низ Скопје и всушност ги претставуваат Скопјани кои во последно време се соочуваат со се поладни радијатори во своите домови со што нивните  домовите наместо станови заличуваат на поларни куќарки – Игла.

– Со овааа акција исто така сакаме да ги предупредиме скопјани кои се затоплуваат со централно парно греење дека се поизвесно е дека од утре заради немањето гас на топлификација и заради кавгите на релација Град Скопје – Влада – БЕГ – Регулаторна комисија   е можно парното во нивните домови на овие минусни температури да биде слабо или да го нема а тие да се чуствуваат како пингвини – велат од Центарот за современи уметности. 

Акцијата е дел од урбаните уметнички акции на Центарот за современи уметности и е финансиски поддржана од Фондацијата Отворено општество Македонија.