Се пука во Москва, има повредени


Најмалку едно лице загина во пукотницата утрово во југоисточниот дел на Москва, јави агенцијата „Спутник“. Ранети се уште две лица. Напаѓачот најверојатно земал и заложници. Полицијата е на лице место и се обидува да го уапси. Министерството за внатрешни работи на Русија соопшти дека до пукањето дошло поради имотен спор, поради што еден маж пукал …

Се пука во Москва, има повредени Read More »

Две лица се потешко повредени во сообраќајки во Скопје


Две лица биле потешко повредени во две од вкупно 12 сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во две незгоди биле полесно повредени две лица, а во осум била причинета материјална штета. Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Шеснаесет возачи се движеле со …

Две лица се потешко повредени во сообраќајки во Скопје Read More »

Полицијата ќе казнува за употреба на пиротехнички средства


Во пресрет на претстојните новогодишни и божиќни празници, Министерството за внатрешни работи апелира граѓаните да не употребуваат петарди и други пиротехнички средства, како и огнено оружје при прославувањето на празниците, не само заради предвидените законски санкции, туку и заради опасностите што по безбедноста, здравјето и животот на ги носи нивната употреба. МВР ја информира јавноста …

Полицијата ќе казнува за употреба на пиротехнички средства Read More »

Исчезнати се три малолетни девојчиња од Чаир


Три малолетни девојчиња од скопската населба Чаир се водат за ислчезнати. Две од нив се сестри на возраст од 15 и 11 години, а третото девојче е пријавено како засебен случај и има 15 годни. Како што информира полицијата, утрово во 06:17 часот во Полициска станица Чаир, Д.С.(38) од Скопје пријавил дека вчера околу 19:00 …

Исчезнати се три малолетни девојчиња од Чаир Read More »

Гинеме по патиштата: брзината годинава уби 122 лица


Поради непочитување на правилата за ограничување на брзината и за држење страна и правец на движење, во Македонија од јануари до ноември оваа година се случиле вкупно 7.330 сообраќајни незгоди. Од нив, 3.694 се со потешки последици. Загинале 122 лица, а со материјална штета се 3.636, покажуваат индикаторите на Републичкиот сојуз за безбедност на сообраќајот …

Гинеме по патиштата: брзината годинава уби 122 лица Read More »

Маж злоставувал 12-годишно девојче во Скопје


Непознат маж од Скопје во неколку наврати во неговиот стан извршил полов напад врз 12-годишно девојче. Мајката на девојчето синоќа во полиција пријавила дека во периодот од 10 до 21 декември додека нејзината ќерка одела и се враќала од училиште, непознатиот во повеќе наврати го викал девојчето во неговиот стан и го допирал по телото. …

Маж злоставувал 12-годишно девојче во Скопје Read More »

Две лица се полесно повредени во сообраќајки во Скопје


Две лица биле полесно повредени во две од вкупно пет сообраќајки регистрирани во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје, а во три незгоди била причинета материјална штета. Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Триесет и осум возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, …

Две лица се полесно повредени во сообраќајки во Скопје Read More »

Старец изгоре во пожар во неговата куќа во Пехчево


Осумдесет и двегодишниот А.Г. од пехчевското село Умлена го загуби животот во големиот пожар што ја зафатил неговата куќа каде што живеел сам. Според информацијата од СВР Штип пожарот бил пријавен во 21:20 часот, а локализиран во 00:30 часот. – Со пожарот прво бил зафатен горниот кат од куќата, по што се проширил и ја …

Старец изгоре во пожар во неговата куќа во Пехчево Read More »

Едно лице загина во сообраќајка во Скопје


Едно лице загинало во една од вкупно 12 сообраќајки регистрирани во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје. Во една незгода со тешки телесни повреди се здобиле две лица, а во пет полесно биле повредени пет лица. Во пет незгоди била причинета материјална штета. Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила …

Едно лице загина во сообраќајка во Скопје Read More »

Судир на полицијата и демонстрантите на ВМРО-ДПМНЕ на Табановце


Попладнево на граничниот премин Табановце дојде до судир и буткање меѓу полицијата и демонстрантите од ВМРО-ДПМНЕ кои денеска најавија дека ќе го блокираат граничниот премин. Сајтот Република објави видео од инцидентот, и тврди дека еден од демонстрантите е повреден, а еден уапсен.

Едно лице загина ноќеска во сообраќајка кај „Раде Кончар“


Едно лице загина, а две се повредени во сообраќајната несреќа што се случи ноќеска кога патничко возило удри во столб на булеварот „Трета македонска бригада“ кај Раде Кончар. Полицијата соопшти дека во несреќата загинал З.В. (1966) кој го возел автомобилот „БМВ“, а повредени се М.К (2000) и К.К. (1993). Несреќата се случила околу 00.50 часот, …

Едно лице загина ноќеска во сообраќајка кај „Раде Кончар“ Read More »

Исчезнатиот дедо Душко загинал во сообраќајка пред 11 дена


Потрагата по дедо Душко Трајковски (85) од Карпош кој беше пријавен за исчезнат, заврши трагично. Тој пред 11 дена на 2 декември, додека се возел на својот велосипед бил удрен од страна на автомобил Фиат Добло и по кратко време им подлегнал на повредите. Несрежата се случила на крстосницата од булеварот 8-ми Септември и улицата …

Исчезнатиот дедо Душко загинал во сообраќајка пред 11 дена Read More »

Две лица се потешко повредени во сообраќајки во Скопје


Две лица биле потешко повредени во една од вкупно 43 сообраќајки регистрирани во текот на изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје. Во 22 незгоди биле полесно повредени 29 лица, а во 20 била причинета материјална штета. Од МВР информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Деведесет и седум возачи се …

Две лица се потешко повредени во сообраќајки во Скопје Read More »

Дедо Душко го нема една недела, семејството бара помош за да го пронајдат


Исчезнат е Душан Трајковски од скопската населба Карпош 1. Го нема веќе една недела и членови на неговотo семејство апелираат до сите граѓани да им помогнат да го пронајдат. „Излезен е со велосипед, последен пат е виден пред околу една недела. Човекот е витален, не е сенилен ниту дементен. Вообичаени релации на движење околина на …

Дедо Душко го нема една недела, семејството бара помош за да го пронајдат Read More »

Жена касната од куче и два случаи пријавени за труење на кучиња


Д.А. (25) од с. Косел, охридско, вчера во СВР Охрид пријавила дека била касната од куче. Инцидентот се случил вчера изутрина, околу 06.45 часот, додека се движела по улицата „Димитар Влахов“ во Охрид и се доближило црно куче и ја каснало во задниот дел од десната нога. Д.А. успеала да избега и веднаш побарала медицинска …

Жена касната од куче и два случаи пријавени за труење на кучиња Read More »

Силувано 10-годишно девојче во Виница


Десетгодишно девојче било силувано во Виница од страна на момчето на нејзината мајка. Триесет и тригодишната жена по потекло од Штип на 16 декември во полицијата во Виница пријавила дека А.Х (22) со кого живеела во вонбрачна заедница ја силувал нејзината ќерка. По извршениот разговор со сите лица во полициската станица, на кој присуствувал и …

Силувано 10-годишно девојче во Виница Read More »

Кражбата на автомобили цвета во Карпош, а погледнете кои модели најмногу се на мета


Новите возила меѓу кои и атрактивни модели на БМВ, Мерцедес, Ренџ Ровер… стануваат лесна и исплатлива мета на обивачите на коли. Но, тука не изостануваат и неколкуте модели на Волксваген меѓу кои се Голф 4-ка и 5-ка. Според добро упатените, клучарите, Хендсфри системот за отворање на коли е најлесен и најисплатлив за брзо крадење на …

Кражбата на автомобили цвета во Карпош, а погледнете кои модели најмногу се на мета Read More »

Полов напад врз 16 годишна девојка во Виница


Полицијата вчера добила пријава за силување на шеснаесетгодишна малолетничка на градскиот стадион во Виница. Во претпладневните часови на градскиот стадион во Виница лицето У.Ќ. (18) од Виница извршило кривично дело „силување“ над шеснаесетгодишна малолетничка, соопшти полицијата. Околу 7:30 часот малолетничката заминала на настава во средното училиште, од каде за време на одморот У.Ќ. насилно ја однел кај …

Полов напад врз 16 годишна девојка во Виница Read More »

Запленети 30 килограми марихуана во Кичево


Триесет килограми марихуана се пронајдени вчера при полициски претрес во домовите на две лица во селото Аранѓел, во Кичевско. Припадници на кичевската полиција, криминалистичката полиција од Охрид и од Единицата за недозволена трговија со дрога по претходно добиени оперативни сознанија извршиле претрес во домовите на лицата А.А. (45) и Е.А.(47). Во приземните простории на куќата …

Запленети 30 килограми марихуана во Кичево Read More »

Пукотници во Охрид: Едно лице е рането


Едно лице е рането во пукотница што попладнево се случи во Охрид, во близина на кружниот тек на булеварот „Туристичка“ кај пресекот со улица „Бистрица“. Полицијата го потврди инцидентот без притоа да даде детали за случајот, освен дека повредениот се наоѓа надвор од животна опасност. Екипи на крим-техника вршат увид на лице место, како и …

Пукотници во Охрид: Едно лице е рането Read More »