Дедо Душко го нема една недела, семејството бара помош за да го пронајдат


Исчезнат е Душан Трајковски од скопската населба Карпош 1. Го нема веќе една недела и членови на неговотo семејство апелираат до сите граѓани да им помогнат да го пронајдат.

„Излезен е со велосипед, последен пат е виден пред околу една недела. Човекот е витален, не е сенилен ниту дементен. Вообичаени релации на движење околина на Визбегово, Момин Поток, Бардовци, Буњаковец, Ѓорче Петров“, се вели во повикот.

Од полицијата известија дека 16.12.2017 година во 12.40 часот во Полициската станица Карпош, Ј.М. пријавил дека на 10.12.2017 година околу 10.00 часот неговиот роднина Д.Т. (84) се оддалечил од домот во непознат правец.

За било каква информација јавете се на 070/220-268 Јордан или пријавете во најблиската полициска станица.