Исчезнати се три малолетни девојчиња од Чаир


Три малолетни девојчиња од скопската населба Чаир се водат за ислчезнати. Две од нив се сестри на возраст од 15 и 11 години, а третото девојче е пријавено како засебен случај и има 15 годни.

Како што информира полицијата, утрово во 06:17 часот во Полициска станица Чаир, Д.С.(38) од Скопје пријавил дека вчера околу 19:00 часот од дома во непознат правец се оддалечиле неговите две малолетни ќерки на возраст од 15 и 11 години.

Само неколку минути претходно, во истата полициска станица во 06:14 часот, М.Н.(43) од Скопје пријавил дека на 23.12.2017 година околу 19:00 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата малолетна ќерка на возраст од 15 години.

Полицијата презема мерки за расчистување на случаите.