Полов напад врз 16 годишна девојка во Виница


Полицијата вчера добила пријава за силување на шеснаесетгодишна малолетничка на градскиот стадион во Виница.

Во претпладневните часови на градскиот стадион во Виница лицето У.Ќ. (18) од Виница извршило кривично дело „силување“ над шеснаесетгодишна малолетничка, соопшти полицијата.

Околу 7:30 часот малолетничката заминала на настава во средното училиште, од каде за време на одморот У.Ќ. насилно ја однел кај стадионот и побарал да остане со него во Виница, и да не оди во Германија. Откако малолетничката се спротивставила, тој ѝ ги врзал рацете, нозете и устата со фластер, по што го извршил кривичното дело, посочи полицијата.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Кочани. По наредба на Јавен обвинител, У.Ќ. бил лишен од слобода и задржан во ПС-Виница.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.