За неколку дена и официјално Северна Македонија


По исполнување на сите правни услови за влегување во сила на Договорот од Преспа и Уставните амандмани, Владата на Република Македонија, ќе го објави во Службен весник датумот на влегување во сила на Уставните амандмани и Уставниот закон, информираа од македонското МНР. Потоа, Република Северна Македонија и Грција ќе достават заедничко писмо до Генералниот секретар …

За неколку дена и официјално Северна Македонија Read More »

МНР: Отсуството на јавноста на собраниската комисија е поради доверливост на тезите


Министерството за надворешни работи, во реакцијата во врска со денешната затворена седница на собрниската Комисија за надворешна политика истакнува дека тоа не било ниту одлука, ниту намера на Министерството, но било оценето дека доверливост е потребна поради тоа што одредени теми во тезите биле од сензитивна природа.   Од МНР појаснуваат дека согласно воспоставената практика, …

МНР: Отсуството на јавноста на собраниската комисија е поради доверливост на тезите Read More »

Македонија и официјално ја извести Грција за промената на името и Уставот


Македонија официјално ја информираше Грција дека го ратификувала Договорот од Преспа. МНР, вечерва,соопшти дека денеска на шефот на Канцеларијата за врски на Грција во Македонија, му ја предала Вербална нота со која, согласно членот 20 став 3 од Конечната спогодба за решавање на разликите околу името ја  информира грчката страна дека во земјава се исполнети …

Македонија и официјално ја извести Грција за промената на името и Уставот Read More »

Тирана реагира на обвинувањата на Атина за одземање на имот на албанските Грци


Официјална Тирана реагираше на изјавата на грчкото Министертво за надворешни работи, во која се обвинува албанската Влада дека „приватните имоти  на припадниците на грчкото малцинство се одземаат произволно и ги дава за туристички проекти“. Албанското Министерство за надворешни работи во реакцијата наведува дека правото на сопственост е уставно право кое неселективно и подеднакво го уживааат …

Тирана реагира на обвинувањата на Атина за одземање на имот на албанските Грци Read More »

МНР постапува за верифицирање на информацијата дека Груевски е во Унгарија


Министерството за надворешни работи соопшти дека согласно своите надлежности и во координација со надлежните институции во земјава постапува со цел да се верифицира информацијата во врска со објавата на Фејсбук профилот на поранешниот премиер Никола Груевски, кој објави дека се наоѓа во Будимпешта и дека таму ќе бара политички азил. – Во врска со наводната …

МНР постапува за верифицирање на информацијата дека Груевски е во Унгарија Read More »

Евакуиранo грчкото МНР заради закана од бомба


Грција- Зградата на грчкото Министерство за надворешни работи, што се наоѓа во центарот на Атина денеска беше евакуирана, поради сомнителна пратка. Вработените во Министерството се наоѓаат пред објектот, додека полицијата го проверува сомнителниот пакет, дали можеби содржи експлозивен механизам. Според грчките медиуми, вработените при проверка на поштата адресирана до Министерството забележале сомнителна пратка и веднаш ја …

Евакуиранo грчкото МНР заради закана од бомба Read More »

Ципрас: Повеќе не постои нелогична употреба на тајните фондови на МНР


Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска изјави дека повеќе не постои „нелогична употреба на специјалните фондови” во Министерството за надворешни работи иа Грција и дека веќе нема случаи пари „да се изнасуваат лево и десно во црни вреќи”, како што обвини во 2011 година. – Сакам уште еднаш да повторам дека нема никому да дозволам да …

Ципрас: Повеќе не постои нелогична употреба на тајните фондови на МНР Read More »

МНР потврди: Двајца од седумте загинати во Србија се наши државјани


Министерството за надворешни работи ја потврди трагичната вест од Србија, според која двајца македонски државјани загинаа во страотната сообраќајка што утрово се случи на автопатот Белград – Ниш во двата правци, на речиси исто место и во исто време. Нивниот идентитет не го објавуваат, но како што соопштија српските медиуми, станува збор за Бурим Д. и …

МНР потврди: Двајца од седумте загинати во Србија се наши државјани Read More »

Втор состанок на Заедничката експертска комисија меѓу Македонија и Бугарија


Втора средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, формирана согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија ќе се одржи денеска и утре во Скопје. На средбата, како што информираат од Министерството за надворешни работи, се очекува членовите на Комисијата, согласно договорената методологија и принципи на …

Втор состанок на Заедничката експертска комисија меѓу Македонија и Бугарија Read More »

Рускиот в.д. амбасадор повикан во британското МНР


Британското Министерство за надворешни работи денеска го повика рускиот в.д. амбасадор Иван Володин, откако претходно премиерката Тереза Меј изнесе нови детали за двајцата осомничени руски агенти обвинети дека го извршиле труењето на пребеганиот руски агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во март. Според Велика Британија, двајцата Руси – Александар Петров и Руслав Боширов – …

Рускиот в.д. амбасадор повикан во британското МНР Read More »

МНР: Уште нема официјални информации од Кабул за убиениот македонски државјанин


МНР се уште нема добиено официјална потврда од авганистанските власти во врска со веста дека македонски државјанин е киднапиран и убиен на територија на Авганистан, изјавија од Министерство. Од МНР нагласија дека вчера веднаш по веста испратиле барање за официјална информација до авганистанските институции и оти по добивање на официјална информација од властите во таа земја, согласно …

МНР: Уште нема официјални информации од Кабул за убиениот македонски државјанин Read More »

МНР бара информација од Авганистан за убиениот македонски државјанин


Министерството за надворешни работи соопшти дека испратило барање за официјална информација до авганистанските институции во врска со веста дека македонски државјанин е киднапиран и убиен на територија на Авганистан. – Во однос на информациите кои излегоа во медиумите за киднапирање и убиство на македонски државјанин на територијата на Авганистан, ве информираме дека Министерството веднаш испрати барање за …

МНР бара информација од Авганистан за убиениот македонски државјанин Read More »

Грчкото МНР се заблагодари за помошта и поддршката од Македонија


Природните катастрофи не познаваат граници и ги надминуваат споровите, соопштуваат од грчкото МНР и им се заблагодаруваат на сите за понудената помош и изразената поддршка и солидарност. – Ја изразуваме нашата искрена благодарност до министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу и на ПЈРМ, Никола Димитров за нивната брза реакција да понудат воздушни средства …

Грчкото МНР се заблагодари за помошта и поддршката од Македонија Read More »

Грчкото до руското МНР: Треба да запре непочитувањето кон Грција


Денешните изјави на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи се карактеристичен пример на непочитување на трета земја, како и недостатокот на разбирање на современиот свет во кој државите, независно од големината, имаат автономија да водат независна, демократска и повеќе димензионална надворешната политика, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција, во одговорот на изјавите …

Грчкото до руското МНР: Треба да запре непочитувањето кон Грција Read More »

МНР: Квалитетот на договорот за името е поважен од роковите


Не треба да се брза со текстот на договорот за името, бидејќи квалитетот нарешението е поважен од тоа во кој рок ќе финишира процесот. Со ваков став излезе предмалку македонското Министерство за надворешни работи. Оттаму нагласуваат дека ова е деликатен момент во процесот за надминување на разликата околу името меѓу Македонија и Грција,кои постигнале добри …

МНР: Квалитетот на договорот за името е поважен од роковите Read More »

МНР предупредува да не се патува во грчките градови во кои денеска се протестира


Министерството за надворешни работи упати предупредување до македонските државјани кои утре планираат да патуваат во Грција да ги избегнуваат местата на одржување на најавените протести за „грчкиот карактер на Македонија“ во 14 поголеми градови во северниот дел од државата заради потенцијална можност од нивна ескалација. – Се информираат граѓаните на Република Македонија кои утре, 6 …

МНР предупредува да не се патува во грчките градови во кои денеска се протестира Read More »

Турските дипломати на „распит“ во МНР


  Министерството за надворешни работи ги повика на „распит“ претставниците на амбасадата на Турција во земјава поради изјавите на амбасадорката Тулин Кара за училиштата на „Јахја Кемал“. На средбата дошол заменик шефот на мисијата, Мурат Сумер, кому му било изразено незадоволство за неодмерените квалификации на амбасадорката, која ги нарече учениците во споменатата приватна гимназија како …

Турските дипломати на „распит“ во МНР Read More »

Орце Камчев ќе се изначека да стане почесен конзул на Бугарија во Македонија


Бизнисменот Орце Камчев најверојатно нема да дочека да стане почесен конзул на Бугарија во Македонија. Според неофицјални информации, многу малку е веројатно Министерството за надворешни работи да одговори позитивно на барањето на официјална Софија. Со оглед на тоа дека при дипломатските именувања важи максимална дискреција, се очекува МНР да ја остави постапката отворена толку долго …

Орце Камчев ќе се изначека да стане почесен конзул на Бугарија во Македонија Read More »

(ВО ЖИВО) Изјави на премиерот Зоран Заев и министерот за европски прашања на Германија, Михаел Рот


Премиерот Зоран Заев и државниот министер за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот, во медија центарот во Владата одржуваат прес-конференција. Државниот министер за европски прашања во германското Рот престојува во посета на Македонија. Освен со премиерот Заев, во текот на денов ќе има средба и со градоначалникот на Скопје Петре …

(ВО ЖИВО) Изјави на премиерот Зоран Заев и министерот за европски прашања на Германија, Михаел Рот Read More »

Димитров: Извештајот на ЕК да го преточиме во јуни во политичка одлука


Успеавем да добиеме најуспешен досега извештај од Европската комисија и ќе сториме се што можеме во јуни да го преточиме во политичка одлука, порача шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на свеченото одбележување на Денот на Министерството за надворешни работи. Министерот нагласи дека Македонија сега е модерна, стабилна и европска демократија која секогаш го бира …

Димитров: Извештајот на ЕК да го преточиме во јуни во политичка одлука Read More »