СЗО не го препорачува лекот ремдесивир за лекување Ковид-19
Светската здравствена организација ги ажурираше насоките за лекови кои би требало да се користат во лекувањето на заболените со корона вирус. Советуваат дека антивирусниот лек ремдесивир не користи во лекување на оние во болница, без оглед колку е тешка нивната состојба.
Ваквата препорака доаѓа еден месец по одобрувањето на ремдесивирот од страна на Управата за храна и лекови на Америка, за лекување со коронавирусни инфекции. Лекот стана прв третман против корона вирусот кој го одобри ФДА, но не и препорака од СЗО.
Причината заради која СЗО е внимателна е истражувањето кое во почетокот укажуваше на одредена корист од лекот во борбата против корона вируспт, но со повеќе информации се утврди дека нема доволно докази за неговата делотворност.
Препораката која е донесена против ремдеисвирот се темели на податоците од четири испитувања во кои учествувале 7.333 луѓе во болница со корона вирус, кои го преживеале КОвид-19 и 24 стручњаци.
„Факт е дека овој антивирусен третман покажа одредена корист во некои случаи и беше доволно да почнат луѓето да го користат кога немавме доволно алатки за борба против новиот вирус, но сметам дека ремдесивирот наскоро ќе биде заменет со нов третман“, рече Амеш Адаља, научничка од Центарот „Џон Хопкинс“.