СЗО го суспендира тестирањето на хидроксихлорокин што го промовира Трамп


Светската здравствена организација привремено го сопре тестирањето на хидроксихлорокин, лек против маларија, на пациенти заразени од корона вирус од безбедносни причини, соопшти денеска генералниот директор на СЗО Тедрос Гебрејесус.

Лекот хидроксихлорокин кој го промовираше американскиот претседател Доналд Трамп како можен начин за лечење од корона вирус. Трамп рече дека тој лек го користи за да ја сречи заразата од корона вирус.

Тедрос на онлајн брифингот рече дека привремено го паузираат тестирањето на група пациенти, кои примаа хидроксихлорокин, додека надзорниот одбор не ги испита безбедносните податоци, пренесе Ројтерс.

СЗО претходно препорача да не се користи хидроксихлорокинот за лекување или спречување на корона вирусот, освен во рамки на клиничките испитувања.

Шефот на програмата за вонредни ситуации во СЗО Мајк Рајан рече дека одлуката да се суспендира испитувањето на хидроскихлорокинот се донесува од претпазливост.