Светските интернет платформи ги запреа нацистичките и расистички содржини


Најголемите светски интернет платформи, Гугл, Амазон и Виш донесоа одлука да ги стопираат и отстранат нацистичките и расистичките содржини и реклами, јави денеска Би Би Си.

Знамињата на расистичките организации кои се залагаат за доминација на белата боја, неонацистичките книги и опрема за членовите на Кју Клукс Клан веќе нема да можат да се рекламираат преку овие платформи.

Би Би Си доби потврда за оваа одлука од сите три глобални интернет компании дека расистички и нацистички производи, пораки и симболи ќе бидат забранети на нивните платформи