Светската економија првпат ќе достигне 100 билиони долари во 2022 година


Светското економско производство ќе надмине 100 билиони американски долари (100 илјади милијарди) за првпат следната година, што е две години порано од предвиденото, се наведува во извештајот на Центарот за економски и трговски истражувања (ЦЕТИ), објави Кинеската медиумска групација.
Според извештајот објавен во неделата, прогнозата за 2022 година е во согласност со прогнозите на Меѓународниот монетарен фонд, кој прогнозира дека глобалниот БДП ќе надмине 100 билиони американски долари во 2022 година.
„Закрепнувањето секако ќе биде посилно“, се наведува во извештајот на ЦЕТИ, кој исто така очекува глобалниот економски раст да биде 5,5 отсто во 2021 година и 4,4 отсто во 2022 година.
Во извештајот се посочува и дека во втората половина на 2021 година, недостигот од стоки, готови производи, транспортен простор и фосилни горива предизвика инфлација.
Потпретседателот на ЦЕТИ, Даглас Меквилијамс изјави дека важно прашање во текот на 2020-тите ќе биде како светските економии ќе се справат со инфлацијата, која веќе достигна 6,8 проценти во САД. 
Инаку, според Visualcapitalist светската економија годинава достигна 94 билиони долари. Само четири земји – САД, Кина, Јапонија и Германија – сочинуваат над половина од светското економско производство според бруто домашниот производ (БДП) во номинален износ. Всушност, само БДП на САД е поголем од збирниот БДП на 170 земји.

Како се споредуваат различните економии во светот? Во визуелизацијата на оваа позната интернет страница се гледаме БДП по земја во 2021 година, користејќи податоци и проценки од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).