Светска банка: Какви чекори да се преземат сега за да се обноват економиите од корона кризата


Обезбедување основни јавни услуги, насочувањето пари директно на луѓето и одржување на приватниот сектор ќе ја ограничи штетата и ќе помогне во подготовките за закрепнување, смета Светска банка

Пандемијата на коронавирус (СОВИД-19) и ставањето под клуч на економиите се сериозен удар за глобалната економија, а особено за посиромашните земји. Земјите во развој и меѓународната заедница можат сега да преземат чекори за да го забрзаат закрепнувањето откако помина најлошата здравствена криза и да ги намалат долгорочните негативни ефекти, се вели во аналитичките поглавја објавени денес од извештајот за Глобална економска перспектива на Светската банка.

Краткорочните одговори кои се однесуваат на решавање на здравствените вонредни состојби и обезбедување основни јавни услуги ќе треба да бидат придружени со сеопфатни политики за зајакнување на долгорочниот раст, вклучително и со подобрување на управувањето и деловните средини и проширување и подобрување на резултатите од инвестициите во образованието и во јавното здравје. За да ги направат идните економии поотпорни, на многу земји ќе им требаат системи што можат да градат и задржат повеќе човечки и физички капитал за време на закрепнувањето – користејќи ги политиките кои ја рефлектираат и поттикнуваат пост-пандемиската потреба за нови типови работни места, бизниси и системи на управување.

Анализата е објавена пред издавањето на целосниот извештај на 8 јуни, во кој се вклучени најновите предвидувања на Групацијата на Светска банка за глобалната економија.

„Опсегот и брзината со кои пандемиските со Ковид-19 и економските исклучувања ги уништија сиромашните низ целиот свет се невидени до сега. Тековните проценки покажуваат дека 60 милиони луѓе би можеле да бидат втурнати во екстремна сиромаштија во 2020 година. Овие проценки веројатно ќе се зголемат понатаму“, рече претседателот на Групацијата на Светска банка, Дејвид Малпас. „Изборот на политики што ќе се направат денес – вклучително и поголема транспарентност за долгот за да се покренат нови инвестиции, побрз напредок во дигиталното поврзување и големо проширување на сигурноста на мрежите за готовина за сиромашните – ќе помогнат да се ограничат штетите и закрепнувањето да биде посилно. Финансирањето и градењето на продуктивна инфраструктура се меѓу најтешките развојни предизвици во пост-пандемиското закрепнување. Потребни се мерки кои ќе ги забрзаат споровите и решавањето на банкротите, како и реформа на скапите субвенции, монополите и заштитените претпријатија во државна сопственост кои го забавија развојот. “

Претседателот на Групацијата на Светска банка, Дејвид Малпас

Длабоките рецесии поврзани со пандемијата, најверојатно, ќе го влошат повеќедецениското забавување на економскиот раст и продуктивноста, главните двигатели на повисокиот животен стандард и за намалување на сиромаштијата. Ако се додаде проблемот со нееднаквоста од бавниот тренд на раст, сиромашните и ранливите се меѓу најтешко погодените од пандемијата и од ставањето под клуч на економиите – вклучително и преку инфекција, затворање на училиштата и намалените приливи на дознаки.

Мерките потребни за заштита на јавното здравство ја поткопаа веќе кревката глобална економија, предизвикувајќи длабоки рецесии во развиените економии, кај пазарите во појавување и кај земјите во развој (ЕМДЕ). Особено ќе бидат погодени оние земји кои имаат слаби здравствени системи, оние што многу се потпираат на глобалната трговија, туризмот или дознаките од странство и оние што зависат од извозот на стоки, се вели во анализата.

Долгорочно, пандемијата ќе остави трајни штети преку повеќе канали, вклучително и помалите инвестиции; ерозија на физичкиот и човечкиот капитал заради затворање на деловни активности и загубата на школување и работни места; и повлекување од глобалната трговија и врските со снабдување. Овие ефекти ќе го намалат потенцијалното производство – производството што економијата може да го одржи при целосно вработување и капацитет – и продуктивноста на трудот во иднина. Предходните слабости, како демографските проблеми и структурните тесни грла ќе ја засилат долгорочната штета на длабоките рецесии поврзани со пандемијата.

„Кога се појави пандемијата, многу економии во појавување и земји во развој беа веќе ранливи поради рекордно високото ниво на долг и многу послабиот раст. Во комбинација со структурни тесни грла, ова ќе ја засили долгорочната штета и ќе ја продлабочи рецесијата поврзана со пандемијата “, вели Чејла Пазарбасиоглу, Потпретседател на Групата на Светска банка за правичен раст, финансии и институции. „Потребни се итни мерки за да се ограничат штетите, да се обноват економиите и да се направи растот поцврст, еластичен и одржлив “.

Политиките за обнова како краткорочните, така и долгорочните подразбираат зајакнување на здравствените услуги и воспоставување на насочени мерки за стимулирање за да се придонесе за поттикнување на растот. Ова вклучува напори да се одржи приватниот сектор и да се насочат пари директно на луѓето за да може да видиме побрзо враќање во креирањето деловни активности откако ќе помине оваа пандемија. За време на периодот на ублажување, земјите треба да се фокусираат на одржување на економска активност со насочена поддршка за обезбедување ликвидност на домаќинствата, фирмите и владините основни услуги. Во исто време, креаторите на политиките треба да останат будни за да се спротивстават на потенцијалните финансиски нарушувања.

За време на периодот на закрепнување, земјите ќе треба да го одмерат намалувањето на јавната поддршка и треба да бидат насочени кон пошироки развојни предизвици. Во анализата се дискутира и за важноста да се овозможи соодветна распределба на новиот капитал кон секторите кои се продуктивни во новите пост-пандемски структури што се појавуваат. За да успеат во ова, на земјите ќе им требаат реформи што ќе овозможат капиталот и трудот да се прилагодат релативно брзо – со забрзување во решавањето спорови, намалување на регулаторните бариери и реформа на скапите субвенции, монополи и заштитените државни претпријатија кои го забавија развојот.

За да ги направат идните економии поотпорни, на многу земји ќе им требаат системи што можат да градат и да задржат повеќе човечки и физички капитал за време на закрепнувањето – користејќи ги политиките кои ја рефлектираат и поттикнуваат пост-пандемиската потреба за нови типови работни места, бизниси и системи на управување. Зајакнувањето на транспарентноста во финансиските обврски и инвестициите исто така ќе помогне да се обнови довербата и да се олесни растот на инвестициите.

За да ги направат идните економии поотпорни, на многу земји ќе им требаат системи што можат да градат и да задржат повеќе човечки и физички капитал за време на закрепнувањето

Ограничувањата за мобилност и глобалната рецесија резултираа со најстрмниот едномесечен пад на цените на нафтените деривати во март. Претежно водено од побарувачката, стрмоглавиот пад на цената на нафтата, како последица на несогласувањата меѓу производителите на нафта, беше придружено со голем пораст на глобалните залихи на нафта. Анализата, исто така, ги детализира ефектите од падот на цената на нафтата за глобалната економија и особено за земјите извознички од ЕМДЕ.

На краток рок, додека ограничувањата за транспорт и патувања се во сила, ниските цени на нафтата веројатно нема да обезбедат голема поддршка за раст и, наместо тоа, може дополнително да ја зголемат штетата направена од пандемијата со натамошно слабеење на финансиите на производителите. Ниските цени на нафтата веројатно ќе обезбедат најдобра маргинална поддршка за глобалната активност на почетокот на закрепнувањето.

„Економиите во појавување и земјите во развој кои се извознички на нафта влегоа во тековната криза со еродирани фискални позиции, по падот на цената на нафтата во периодот 2014-2016 година. Покрај невидената криза во јавното здравство, овие економии сега доживуваат остри економски падови, поради намалените приходи од извоз“, вели Ајхан Косе, директор на Групата за перспективи на Светската банка. „Дури и ако цените на нафтата растат како што се обновува глобалната побарувачка на нафта, неодамнешното паѓање на цените е уште еден потсетник за земјите што извезуваат нафта итно да продолжат со реформите за диверзификација на нивните економии“.

Тековните ниски цени на нафтата, исто така, се можност да се разгледаат политиките за цени на енергијата, бидејќи земјите увознички на енергија треба да се оддалечат од скапите шеми за субвенции и да ги распределат своите ограничени фискални ресурси за расходи со повисок приоритет, вклучително и подобрувања во јавните здравствени и образовни програми.

Светска банка е еден од најголемите извори на финансирање и знаење за земјите во развој и презема широка, брза акција за да им помогне на земјите во развој да го зајакнат нивниот одговор на пандемијата. Од Светска банка велат дека ќе распоредат финансиска поддршка до 160 милијарди долари во текот на 15 месеци за да им се помогне на повеќе од 100 земји да ги заштитат сиромашните и ранливите, да го одржат приватниот сектор и да го зајакнат економското закрепнување. Ова вклучува 50 милијарди американски долари нови ресурси на ИДА преку грантови и високо концесиски заеми.