Светна елката пред „Рокфелер“ во Њујорк


 Легендарната новогодишна елка пред Центарот Рокфелер беше осветлена со повеќе од 50.000 разнобојни светилки во средата навечер додека толпата се собираше во Њујорк за празничната традиција.

Огромното дрво – норвешка смрека од 12 тони и 80 стапки висока од северниот дел на Њујорк – беше осветлено во центарот Рокфелер со околу 8 километри LED жичени светла и на врвот со ѕвезда тешка 900 фунти покриена со 3 милиони сјајни светла од  кристали.
 

На церемонијата на отворањето на Менхетен, од музичарите настапија Кели Кларксон, Џенифер Хадсон, Бекстрит бојс и Талиа.

Почнувајќи од 1930-тите, традицијата на елката привлекува илјадници посетители во градот секоја година за време на празничната сезона.

Дрвото ќе остане осветлено од 5 часот наутро до полноќ секој ден до 13 јануари. На Божиќ ќе биде осветлено 24 часа.