Суд во Виетнам осуди седум лица вклучени во трговија со луѓе и смрт на 39 мигранти
Суд во Виетнам осуди седум лица вклучени во трговија со луѓе и смрт на 39 мигранти чии тела беа пронајдени во Велика Британија.
Четворица Виетнамци, на возраст од 26 до 36 години, беа осудени на две и пол до седум и пол години затвор за учество во трговија со мигранти.
Судот во централната виетнамска провинција Ха Тин осуди на условна казна уште три лица.
Телата на 39 лица беа пронајдени на 23 октомври 2019 година, во камион што превезувал контејнер-ладилник во индустриската зона во Грејс, 40 километри источно од Лондон.
Во Велика Британија, неколку лица, вклучително и возачот на шлеперот, беа обвинети во врска со случајот. Тие се изјаснија за виновни за убиство од небрежност.
Други 13 осомничени беа обвинети во Франција и 13 во Белгија.