Струмичкиот карневал низ фотографии

Денеска, на празникот Прочка,  традиционално се одржува Детски карневал, на кој младите струмичани ќе продефилираат со своите маски


Синоќа низ струмичките улици уште еднаш кулминираше вековната карневалска традиција со Интернационалното карневалско дефиле, на кое продефилираа 35 групи со над 1.000 учесници од земјава и странство кои повеќе од три часови дефилираа, танцуваа, играа и ги промовира своите карневалски креации.

Откако кралот на карневалот објави: „Време е, нека почне Струмичкиот карневал“, почна да тече реката од карневали, а традиционално први настапија струмичките мажоретки, а за кусо време адреналинот го кренаа загрепските, едни од најдобрите во светот.

Денеска, на празникот Прочка,  традиционално се одржува Детски карневал, на кој младите струмичани ќе продефилираат со своите маски.

 

Во продолжение погледнете го Струмичкиот карневал низ фотографиите на Борис Грданоски: