„Стринг форсис“ го промовираат петтиот албум „Соголи ме“


„Стринг форсис“ денес, во 14 часот, го промовираат ЦД-то, петтиот албум со наслов „Соголи ме“ , во кафе-книжарницата „Буква“, (ул. „Луј Пастер“ 3А-1), што се наоѓа зад Собрание, зад/до Кино Култура во Скопје.

„Соголи ме“ е петтиот студиски албум на Стринг форсис издаден оригинално само во дигитален формат во 2017 година. Неколку години подоцна, за да останеме верни на традицијата на механички носач на звук, во време кога сите се навраќаат на винилот, ние решивме да се навратиме на ЦД-то. Но, четири години не се занемарливо време поради што првобитната идеја за „ремастер за ЦД“ се претвори во идеја за нов поглед кон материјалот од албумот и со тоа потполно нов микс на истиот материјал, велат од издавачката куќа „Profundus“.

Вкупно, Стринг форсис имаат пет студиски албума: String Forces (1999), Изохронија (2002), Свиленкаст пат (2006), Reductio Ad Absurdum (2009), Соголи ме (2017, CD 2021), едно ЕП: ’Unsustainable Truth’ (2019, само дигитално издание) и пет албума во живо (само во дигитален формат, сите издадени во текот на 2020): Live at Kanal 103, 21​.​02​.​2010; Live @ Stanica 26; MRTV Unplugged; Live​@​Vega & Havana Club; Live​@​MKC & Alter Scenе.

Сите дигитални изданија се достапни на Бендкемп страницата на групата (https://stringforces.bandcamp.com/), а студиските изданија се достапни и на сите стриминг платформи и он-лајн продавници.