Стразбур: Нема место за земја агресор во Советот на Европа


Вчерашниот состанок во Парламентарното Собрание на Советот на Европа  беше историски. Неговата препорака до Комитетот на министри на Советот на Европа да ја исклучи Русија по 25 години испраќа недвосмислена порака:

„Од 25 февруари  војната што ја води Руската Федерација против Украина сигнализираше отворање на нова фаза во европската историја. Руската Федерација избра регресивна присила наместо дијалог за да ги унапреди своите надворешнополитички цели. И покрај тоа што е постојана членка на Советот за безбедност на ОН, таа избра агресија, поткопувајќи го мирот и безбедноста. Го прекрши Статутот на Советот на Европа и обврските  што ги презеде откако стана членка на Организацијата. Во заедничкиот европски дом нема место за агресор. Во своето мислење согласно Статутарната резолуција (51) 30, Собранието треба да го повика Комитетот на министри да побара Руската Федерација да се повлече од Советот на Европа“, стои во заклуќчокот донесен во Стразбур.

„За да може Руската Федерација да се врати како членка на Советот на Европа на еднаква основа со другите, неопходна е длабока промена. Прекршувањата на меѓународното право и прекршувањето на довербата предизвикано од оваа агресија се толку сериозни што, доколку Русија сака да биде членка на Советот на Европа, треба да поднесе нова апликација и да ја покаже својата посветеност на демократијата, човековите права и владеењето. на правото“, порачаа од Стразбур.