Стравот од нов бран на коронавирус ја намали цената на нафтата


Иако многумина можеби помислија дека е негативна цената на целокупната нафта, има нијанси

Цените на нафтата денеска паднаа на 38 американски долари, под притисок од стравувањата дека втор бран на коронавирус во Кина, Јапонија и САД ќе го спречи закрепнувањето на побарувачката на енергенси.

На лондонскиот пазар цената на барелот падна за 38 центи во однос на претходното затворање и изнесува 38,35 долари. На американскиот пазар, со барелот се тргуваше по цена пониска за 66 центи, односно по 35,60 американски долари.

Трговците се загрижени од појавата на нов бран на коронавирус. По скоро два месеца затишје, Пекинг во изминатите четири дена пријави 79 нови случаи, а бројот на новозаразени во САД повторно се зголеми, со повеќе од 25.000 нови случаи само во саботата.