(Видео) Стотици граѓани на протест во Кочани – извикуваат „Убијци!“ и „Сакаме правда“

„Со молчењето стигнавме до овде“ е пораката на денешниот протест во Кочани. Граѓаните се гневни. Се фрлаат камења кон општинската зграда


Грашаните пред Општина Кочани (Фото: Б. Грданоски)

 

Стотици граѓани излегоа на протест денеска во Кочани, по трагичната несреќа каде во пожар загинаа 59 луѓе, најмногу од овој град, во дискотеката „Пулс“.

Протест пред Општина Кочани (Фото: Б. Грданоски)

Се фрлаат камења кон општинската зграда и извикуваат дека сакаат правда. 

„Убијци“, се извикува кон институциите, а се договараат да одат и пред полициската станица. Од таму се упатуваат кон судот во Кочани.

„Со молчењето стигнавме до овде“ е пораката на денешниот протест во Кочани. Демонстрантите, кои ги има од секоја возраст, бараат одговорност за трагедијата што ја потресе земјата.

Тие порачаа дека е време за масовност, заедничка борба и јасно изразување на револтот против системот кој, како што велат, е трул од корупција.

Толпата е пред зградата на Општина Кочани, извикуваат „Секој еден може да биде следен!“, испраќајќи силна порака дека никој не е заштитен од системот што, како што велат, ги остава граѓаните на милост и немилост.

Фото: Б. Грданоски