Стоилковски тврди дека Шилегов пред избори склучил договор за кафански услуги


Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на денешната прес-конференција го обвини актуелниот градоначалник на Град Скопје дека јадел и пиел на буџетски трошок и дека два дена пред изборите  склучил договор со три фирми за кафански услуги во вредност од 32.000 евра.

– Договор во директна спогодба за, во слободен речник, кафеански услуги! 32.000 евра и тоа само за една година! Компаниите, познати скопски локали нема да ги споменувам, но ќе ги споменувам делови од договорот:

 Рамковниот договор е на еден милион и 700 илјади денари, со ДДВ – 2 милиони денари за кафеана за една година;

 Договорот започнува од 21.10, односно се реализира од вчера;

Договорот дозволува измени на оваа рамковна спогодба, односно со поголема или пониска вредност може да се оди и до 20% од договорот.

Фирмите – кафеаните се обврзале на 10 до 15% попуст на менијата односно на услугите за јадењата и пијачките;

Ова не е црна кампања, ова е соочување со фактите за Петре Шилегов, порача Стоилковски.