Стејт департментот ги прецизира новите санкции против Русија


САД– Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот потпиша указ за воведување втор пакет санкции против Русија за случајот Скрипал. Во врска со ова, американскиот Стејт департментот синоќа во одвоено соопштение за јавноста прецизираше дека се санкцинирани руските државни обврзници додека меѓународните кредитори, како ММФ или СБ, се повикуваат да не доделуваат кредити на Москва. Мерките стапуваат во сила на 19 август.

Од санкции се исклучени само пловните средства за транспорт на земјоделски прозиводи. Во новиот пакет има и забрани американските банки да не учествуваат во првичниот пазар на руски државни обврзници во девизи и забрана на давање девизни кредити на руската Влада.

Наведени се и дополнителни извозни ограничувања на стоки и технолгии потребни за создавање на оружје за масовно уништување. Постоечките договори остануваат во сила.

Новите мерки се со важност од една година и можат да бидат укинати само доколку Москва докаже дека се откажала од равој на хемиско оружје и тоа да биде потврдено со независна меѓунаодна инспекција. Од Москва се бара и исплата на оштета на жртвите во нападот со хемиско оружје.

Нападот против на поранешниот руски агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Велика Британија се случи лани во март во градот Солзбери, Велика Британија.

Вториот пакет санкции против Русија е во склад со Законот за контрола и ликвидација на хемиското и биолошкото оружје од 1991 година.